ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 5

1. ВОВЕД Во Република Македонија, младите сексуални работници/чки, особено жените, имаат потешкотии во пристапот до здравствените, социјалните и правните услуги што е резултат на дискриминацијата и маргинализацијата на оваа група. Лошата достапност и неадекватноста на услугите на СРЗ (Сексуално и репродуктивно здравје), како и неадекватната или ненавремента социјална и правна помош кои им се потребни на младите сексуални работници/ чки резултира со зголемување на присуствотото на СПИ (Сексуално преносливи инфекции), намалување на квалитетот на живот, непрепознавање на нивниот статус во општеството и несоодветни услови за работа. Во Македонија, младите сексуални работници/чки најчесто ги добиваат здравствените, социјалните и правните услуги преку граѓански организации, додека пак истите се лимитирани и потешко достапни во јавните институции. Потешкиот пристап до услуги во јавните институции е резултат на неинформираноста на сексуалните работници/чки за постоењето на истите во јавниот сектор, стравот од потенцијална дискриминација од страна на професионалните работници, како и намалениот кавалитет на услугите. Со ограничениот пристап до здравствени, социјални и правни услуги, се зголемува ризикот од појава на насилство, дискриминација и сериозни повреди врз животот и здравјето на младите сексуални работници. 1.1 Право на здравје Пристапот до сеопфатно сексуално и репродуктивно здравје што подразбира услуги за превенција од ХИВ/СИДА, СПИ и општи здравствени услуги е суштинска компонента за здравјето на сексуалните работници/чки базирано на нивните основни човекови права. Програмите за јавно здравје и креаторите на здравствени политики ретко ги вклучуваат потребите на сексуалните работници/ чки. Од друга страна, дискриминацијата и стигмата го попречува нивниот пристап до сеопфатни програми за здравје од страна на јавните институции. Во невладиниот сектор се обезбедуваат одредени услуги на СРЗ за сексуалните работници, но сепак, мал е бројот на услуги кои можат да се дадат на одредени подгрупи, како што се машките сексуални работници и трансродовите сексуални работници, што дополнително ја зголемува нивната ранливост и маргинализација. 5