ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 17
5. ЗАКЛУЧОК
Како резултат на постоечките политики и пракси, институционалната
негрижа, владеењето на стигмата и дискриминацијата кон луѓето вклучени
во сексуалната индустрија, младите сексуални работници/чки во Република
Македонија ја потенцираат важноста и улогата на граѓанскиот сектор во
обезбедувањето соодветна грижа. Независно од начинот и локацијата на кои
ја изведуваат сексуалната работа, се забележува дека сите млади сексуални
работници/чки имаат иста или слична потреба од здравствени, социјални и
правни сервиси. За разлика од ова, сексуалните работници/чки со различен
родов идентитет, имаат различни проблеми и потреби од наведените сервиси.
Земајќи ја предвид, од една страна општествената перцепција за жената
како единствен двигател на сексуалната работа, а од друга страна широкиот
спектар на достапни услуги за неа во граѓанскиот сектор, се забележува
чувството на заборав за машките и трансродови млади сексуални работници
помеѓу давателите на услуги. Истражувањето покажува дека скоро на сите
женски сексуални работнички им бил обезбеден пристап или посета кај
гинеколог, додека пак кај трансродовите сексуални работници пристапот
до ендокиронолог и потребната стручна помош за транзиција се јавува како
предизвик. Машките сексуални работници ја потенцираат потребата од пристап
до уролог, услуга која не е достапна во центрите на граѓанските организации,
туку само во јавното здравство, а која многу ретко или воопшто не ја користат.
Истражувањето покажува дека сексуалните работници/чки добро се запознати
и ги користат услугите на граѓанските организации од една страна, додека пак
покажуваат недоволно знаење и слаба информираност за услугите на државните
институции, од друга страна. Имено, кај 40% од младите сексуални работници/
чки се забележува недоверба кон стручниот персонал во институциите, а
особено се нагласува стравот за пристап кон државните институции заради
недостатокот на сензибилизираност кај овие кадри. Стравот и недовербата
кон институциите присутна кај сексуалните работници/чки се јавува токму
заради маргинализираната положба на сексуалната работа како работа.
17