ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 18

ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ Понатаму, младите трансродови сексуални работници/чки во Македонија не се заштитени од дискриминација и насилство врз основа на родовиот идентитет.  Истражувањето укажува на потреба од правно признавање на родот и измени на Кривичниот законик за експлицитно да се забрани насилство врз основа на родов идентитет и сексуална ориентација. Земајќи ги предвид моменталните лоши репресивни политики и мерки кои што влијаат врз животот на сексуалните работници/чки, мал дел од нив би излегле од сексуалната индустрија за да се ослободат од општествените стеги, додека пак друг дел од нив укажуваат на позитивни политики и пракси од западноевропските земји кои треба да се применат во нивната земја, одбивајќи да се прекфалификуваат на пазарот на трудот. Резултатите од истражувањето се охрабрувачки за граѓанските организации во смисла на проширување на опсегот и палетата на услуги за машки и трансродни сексуални работници/ чки, а државните институции се охрабруваат да ја добијат довербата на сексуалните работници/чки како значително маргинализирана заедница. 18