ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 16
ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ
ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ
Во однос на потребите на трансродовите лица, учесниците во фокус групата ја
истакнаа потребата од навремена и адекватна хормонска терапија, можноста за
посета на психолог и ендокринолог како во невладините организации - даватели
на услуги, така и во јавното здравство, со цел да се надминат потешкотиите и
пречките со кои се соочувуваат за време на процесот на транзиција. Исто така,
ја истакнаа потребата од специјализиран медицински тим кој ќе им овозможи на
трансродовите лица хируршка реконструкција на полот како важен сегмент во
процесот на транзиција, но за жал, таков медицински тим во Македонија сe уште не
постои. Трансродовите сексуални работници/чки во Македонија не се заштитени
од дискриминација и насилство врз основа на родовиот идентитет. Потребно е
правно признавање на родот и измени на Кривичниот законик за експлицитно
да се забрани насилство врз основа на родов идентитет и сексуална ориентација.
Проблемите со кои се соочуваат транс луѓето можат да се поделат на правен
и медицински дел. Правниот дел се однесува на промената на документите.
Тоа подразбира промена на името, ознаката за пол и матичниот број. Сe уште
Министерството за правда не спроведува постапки за промена на ознаката за
пол, ниту пак Министерството за внатрешни работи им издадава нови матични
броеви на трансродовите лица кои ги имаат променето своите документи врз
основа на самоопределување. Медицинскиот дел се однесува на достапноста
на медицинските услуги специфични за потребите на оваа популација, како
и општите здравствени услуги. Сe уште трансродовите луѓе се соочуваат со
дискриминација и насилство при обидите да добијат адекватна здравствена услуга.
Треба да се овозможи хормонска терапија во Македонија и да се има можност
за операција за промена на пол, од жена во маж или обратно. – трансродов
сексуален работник.
16