ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 15

Од досегашните искуства на сексуалните работници/чки и искуствата на на нивните колеги и пријатели исто сексуални работници/чки, изјавија дека во случај кога треба да користат одредена услуга очекуваат да се сретнат со голем број на пречки, меѓу кои лошиот пристап и ставот од страна на персоналот од кој треба да ја добијат услугата. Како пречки во пристапот на услуги ги издвоија и далечината на патување до дестинацијата каде што треба да ја добијат услугата, комплексните барања поврзани со документацијата и регистрацијата, како и присуството на страв од откривање на нивниот идентитетот. Во одредени ситуации, 40% од учесниците изјавија дека одбиваат да ја користат услугата поради некои од горенаведените причини. 4.4 Мерки за подобрување на услугите и нивната достапност Во последниот сегмент од дискусијата, беа опфатени релевантни клучни прашања во однос на тоа што треба да се направи во иднина со цел услугите да станат подостапни за сексуалните работници, како да се надминат пречките и каква поддршка им е потребна на сексуалните работници од страна на граѓанските организации со цел да им се подобри пристапот до потребните услуги. Учесниците во фокус групата, пред сè ја потеницираа потребата од закон за регулација на сексуалната работа во Република Македонија како една од најважните работи за остварување на своите права и безбедноста при работа. Во моментов, сексуалната работа во нашата држава е регулирана во Член 19 од Законот за нарушување на јавниот ред и мир (Службен весник на РМ бр. 66/2007) кој гласи: “Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност”. Што закони имаме ние тука. Кој нас не заштитува. – сексуален работник. Голем дел од учесниците во фокус групата правеа споредба на сексуалната работа во Македонија и како таа е регулирана во други земји од Европа. За пример ја дадоа Германија, како земја во која сексуалните работници/чки уживаат поголеми права и имаат поголеми можности од сексуалните работници/чки во нашата земја. Во Германија, на сексуалните работници им даваат станови, пари. Тука нас ништо не ни дава државата. – сексуална работничка. 15