ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 14
ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ
ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ
Услуги од медицински специјалисти како ендокринолог не се достапни во
невладиниот сектор и транс лицата не ги добиваат овие услуги, т.е воопшто
не се обидуваат да се појават во јавното здравство и таму да ги бараат. –
трансродова сексуална работничка.
Ова што го работиме ние е ризично. Некој може да не убие на улица. Затоа
сакаме да ја смениме оваа професија, затоа што никој не не заштитува. Јас
работам како сексуална работничка 8-9 години веќе пред МТВ. Видете ми ги
белезите. Ме тепаа клиенти, ми вадеа ножеви и пиштоли. Зошто да не ни
помогне државата да не заштити од насилниците. Ако сме заштитени, ние ќе
си работиме чесно пак на улица. – сексуална работничка.
Во однос на промената на својата професија, сексуалните работници/чки не
сакаат да работат како сексуални работници/чки поради тоа што секојдневно
доживуваат насилство од страна на клиентите, полицијата, институците и не се
чувстуваат безбедно. Заштита бараат од државата која сe уште ги нема регулирано
законите кои ја таргетираат сексуалната работа во Република Македонија. Со
промена на законските одредби, на сексуалните работници/чки ќе им се овозожи
заштита од насилство, правна сигурност, соодветен психосоцијален третман,
економска сигурност, здравствена и социјална помош за нив и за нивните деца.
Сексуалните работници/чки, учесници во фокус групата, истакнаа дека постои
разлика помеѓу работењето на отворена сцена (на улица), каде ризикот од насилство
и малтретирање е поголем и работењето на затворена сцена (во апартмани и хотели),
каде што за нијанса се чувствуваат позаштитено, т.е. заскриено. И покрај потребата
од промена на својата работа, сексуалните работници/чки истакнаа дека сепак
започнале да работат како сексуални работници/чки доброволно и самостојно,
без принуда, дека сексуалната работа им е единствен начин за егзистенција,
меѓутоа сакаат да ја променат својата работа поради лошите услови во кои работат.
Сите што работиме и на отворено и на затворено не не тера некој на сила
да работиме. Тоа сами сме си одбрале. Некој се чувствува позаштитено, некој
не. На пример пред МТВ е пострашно да работиш. – трансродова сексуална
работничка.
Јас сама чувам пет деца, немам маж, и кога морам ќе излезам на улица. –
сексуална работничка.
14