ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 13
Под достапни услуги, учесниците во фокус групата подразбираат услуги кои
што може да ги добијат преку здруженијата на граѓани, центрите за сексуални
работници/чки или пак во своите домови и местата каде работат. Овие услуги
им се овозможени на сексуалните работници/чки без разлика дали имаат
здравствено осигурување и истите можат да ги добијат без да имаат проблем
да го истакнат сопствениот статус. Од друга страна пак, услугите од државните
институции им се потешко достапни, пред се поради присуството на страв од
дискриминација и стигма кои сe уште се присутни поради несензибилизираноста
на професионалните работници кои работат во државните иснтитуции.
Сексуалните работници/чки, учесници во фокус групата ги истакнаа следниве
услуги за помалку достапни: вакцинација, дијагноза и третман на вирусен
хепатитис како и услугата од уролог и ендокринилог.
Треба да има поголема достапност до ендокринолози, уролози и гинеколози,
затоа што знам од мое лично искуство, во јавното здравство работат само по
еден уролог, ендокринолог и еден гинеколог. Нема палета од повеќе здравствени
работници, за да можеш да избереш кај кого сакаш да одиш. – трансродова
сексуална работничка.
4.3 Пречки во пристапот до услуги
Во однос на минати искуства, сексуалните работници/чки се соочувале
со тешкотии при пристапот на услуги. Како потешко пристапни
услуги, сексуалните работници/чки, учесници во фокус групата ги
издвоија услугите од уролог, услугите од ендокринолог и добивањето
можност за друг работен ангажман за сексуалните работници/чки.
Потребата од услуги од уролог се јавува кај машките сексуални работници.
Овие услуги не им се достапни во центрите на граѓанските организации, додека
пак истите не ги користат од страна на државните инситуции, поради страв
од откривање на нивниот идентитет и статус во општеството. Потребата од
ендокринолог се јавува кај трансродовите сексуални работнички кои се во процес
на транзиција со цел да добијат соодветни ендокринолошки прегледи и упати за
понатамошна хормонска терапија. Добивањето можност за преквалификација
и обезбедување на друг работен ангажам го истакнаа 80% од учесниците
во фокус групата како потреба која ја имале во текот на минатите години.
Не сакам да посетам уролог на Клиника затоа што ми е срам да идам таму. Не
сум опуштен, не можам да зборам отворено за проблемите и затоа не идам. –
машки сексуален работник.
13