Информатор на општина Новаци | Page 8

Градоначалникот Котевски на средба со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Благодарни сме и задоволни од соработката и подршката на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во изминатите четири години и искрено се надеваме дека ќе имаме можност таа соработка да ја продолжиме и во следниот четиригодишен период, беше потенцирано на вчерашната средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци.
„ Благодарни му сме на градоначалникот за целосната подршка што ни ја дава, на прекрасната соработка и на туристичките тури кои ги организираше благодарение на кои ја посетивме секоја природна убавина на Република Македонија“ рекоа членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци. Со дружба и во прекрасна работна атмосфера се разменија искуства и мислења но се направи и стратегија за понатамошно дејствување.“ Разговаравме за сите досегашни но и идни активности кои ќе ги организираме, и многу ме радува фактот што ЧЛЕНКИТЕ НА Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се задоволни. Јас ветувам дека ќе ги подржувам и ќе им помагам и понатаму и искрено се надевам дека таа соработка ќе ја продолжиме и во следниот четиригодишен период“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци брои околу 400 членови и постои околу десеттина години.
Се гради нова брана на Маковска река во Рапеш
Општина Новаци започна со изградба на брана со испустни канали на Маковска река во мариовското село Рапеш која и претходно беше изградена но беше урната од надојдената река. „ Повторно ќе ја изградиме браната која беше урната на Маковска река кај мариовското село Рапеш што беше градена со цел на жителите да им се овозможи континуирано напојување на стоката особено во текот на летниот период кога владее суша“ вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Вредноста на проектот изнесува 6,8 милиони денари, средства на општината.
600 деца од ОУ „ Тодор Анѓелевски“ на екскурзија во манастирот во Новаци
Градоначалникот Лазар Котевски им беше домаќин на 600 деца од трето до осмо одделенение од ОУ „ Тодор Анѓелевски“ од Битола кои беа на еднодневна екскурзија во манастирот Мала Богородица во с. Новаци. Дечињата весели и насмеани уживаа во прекрасниот амбиент и убавата природа на единствениот манастир изграден во поле, заради што е и уникатен.
„ Ние сме отворени за секаков вид соработка па така од училиштето Тодор Анѓелевски од Битола, изразија желба екскурзијата на своите ученици да ја направат во манастирот, па ние им дозволивме и им го подготвивме теренот. Многу ми е мило што нашата општина се повеќе и повеќе е посетена во последно време а особено од децата.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Викендов општина Новаци беше домаќин на над 500 деца на возраст до 11 години, учесници на меѓународниот фудбалски турнир „ Пелистер 2011 Куп“.
8