Градоначалникот Котевски на мештаните им го асфалтира патот до црквата во с. Далбеговци
По барање на мештаните на селото Далбеговци општина Новаци им го асфалтираше пристапниот пат до црквата Христово Воскресение а пред неколку месеци во оваа црква градоначалникот Лазар Котевски ја освети новата црковна сала за чија изградба донираше средства.
„ Општина Новаци се труди да ги задоволи барањата и потребите на своите жители, а едно од тие барање беше да се асфалтира пристапниот пат до црквата Христово Воскресение во село Далбеговци. Јас како прв човек на општината и во иднина ќе донираме во изградба на објекти кои ќе значат подобрување на верскиот живот на населението, бидејќи ние сме христијанско население и жителите имаат потреба од тоа."- додаде градоначалникот Котевски.
Општина Новаци за изградба на пристапниот пат до црквата во должина од 200 метри потроши околу 1 милион денари.
203 деца од Новаци ќе уживаат во благодетите на солената соба
203 деца од основното училиште Славко Лумбарковски во општина Новаци ќе имаат можност благодарение на градоначалникот Лазар Котевски да уживаат во благодетите на солената соба Солина во Битола. Денеска им беа поделени бесплатни ваучери.
„ Ние се грижиме за здравјето на нашите најмлади жители па токму затоа општината се погрижи да додели ваучери за 203 деца од нашето основно училиште, бесплатно да можат да ја посетат солената соба Солина во Битола, бидејќи знаете дека во нашата општина има големо загадување од РЕК па на некој начин ова ќе им годи за нивното здравје“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Советникот за образование при Општина Новаци,
Мирјана Кузмановска и директорката на Основното училиште Славко Лумбарковски, Ана Котевска Велјановска ја поздравија иницијативата на градоначалникот Лазар Котевски, истакнувајќи дека третманот во Солената соба Солина ќе биде од голема корист за учениците во пелагониските училишта.
Солената соба Солина и годинава ја започна акцијата за бесплатни ваучери за сите првоодделенци во Битола, Могила и Ресен и сите основци во Новаци. Откако ваучерите ќе бидат поделени, Солината ќе ги отвори вратите за најранливата категорија жители на Пелагонија и Преспа.
Солената соба стана вистински хит во Европа и светот. Јонизираниот воздух кој се наоѓа во солената соба го зголемува капацитетот на кислород во крвта и ја подобрува работата на метаболизмот. Само 45 минути поминати во оваа просторија се еднакви на 5 дена поминати на море, таа е доста корисна за лекување, превенција, релаксација и чување на здравјето
7