Информатор на општина Новаци | Page 9

Се одржа спортско рекреативен рибарски натпревар на река Црна
Под покровителство на спортско риболовното друштво „ Барбус“ од Битола, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов, викендов, на река Црна се одржа натпревар во спортски риболов на кој учество зедоа многу натпреварувачи од различни риболовни друштва. Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски кој е љубител на спортските активности беше почесен гостин на манифестацијата. „ Јас сум љубител и поборник на спортот и секогаш колку што е во моја можност несебично се вклучувам во организација и помагање на вакви и слични спортски
активности. Денеска се надевам дека сите учесници пред се ќе уживаат во другарувањето и риболовењето а подоцна и ќе бидат наградени најдобрите“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. На спортско рекреативниот рибарски натпревар на река Црна беа постигнати следните резултати: во екипен пласман трето место ЗСР „ Пец-Пец“ од Прилеп, второ место ЗСР „ Оскар“ од Кавадарци а прво место ЗСР „ Бабуна“ од Велес. Во поединечен пласман првото место му припадна на Џампалов Никола, второ место Малинков Кирил а трето место Миров Миланчо.
Реконструирана е соблекувалната на ФК „ Добромири“
Започнаа натпреварите на ФК Новаци во втората македонска фудбалска лига. По напорните припреми и тренинзи задоволни сме од постигнатите резултати по одиграните три кола, вели Борче Јовановски- директор на ФК Новаци.
„ После една година повторно се вративме во втора лига, бевме на припреми на Пелистер во хотел Молика. По враќањето напорно тренинаравме на стадионот во Новаци. На стартот на првенството сме задоволни од постигнатиот успех во трите одиграни натпревари каде го постигнавме следниот резултат: две во гости и една дома, една нерешена утакмица, еден добиен и еден загубен меч. Со ФК „ 11 Октомври“ 1-1, дома со „ Корзо“ од Прилеп 2-0 и во гости со „ Македонија Ѓорче Петров“ изгубивме 3-1. Четврто коло играме на 5 септември со „ Локомотива“ од Скопје“ вели Борче Јовановски- директор на ФК Новаци.
Посебно се радувам што ФК Новаци успеа да влезе и да се натпреварува во втората македонска фудбалска лига и ние како општина во границите на нашите можности ќе го подржуваме секогаш, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
„ Ние како општина многу вложуваме во развојот на спортот а посебно во фудбалот, затоа започнавме да вложуваме во спортската инфраструктура, па така реконструирана е соблекувалната на ФК „ Добромири“ за што се потрошени околу 350 000 денари средства на општината. Изградена е бушотина и поставена е електрична инсталација за наводнување на игралиштето во с. Новаци, вредност 460 000 денари средства на општината.“ вели Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.
За Денот на независноста 8 септември, општина Новаци како главен покровител организираше дводневен меѓународен турнир во фудбал за помлади пионери генерација 2001-2003 година кој се одржа на теренот на ФК Новаци а на кој учество зедоа околу 500 млади фудбалери од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Црна Гора.
9