-
Имер Ерѓун, теренски работник во СТАР – интервјуер;
5. Анализа на резултати од истражувањето
5.1
Демографски податоци
На територијата на град Скопје, со истражувањето беа опфатени вкупно
73 сексуални работници. Опфатени беа женски, машки и трансродови
лица од отворената сцена, затворената сцена и сцената во Шуто Оризари.
Пол
Женски
Машки
Број
29
44
73
%
40
60
100
Род
Женски
Машки
Трансродно
Број
14
44
15
%
19
60
21
Што се однесува до старосната структура, најголем дел од испитаниците се
со година на раѓање од 1987 до 1992 . Деталните податоци за старосната
структура се дадени во Анекс 1.
Најголем процент од испитаниците се од ромска националност, односно
52 %. Потоа следуваат испитаниците од македонска националност 38%,
албанска националност, а останатите националности се застапени со
поединечни случаи. (Анекс 1).
Од вкупниот број испитаници, 57% се со исламска вероисповед, 40%
се со православна вероисповед, а останатите религиски припадности се
застапени со поеднични случаи. ( Анекс 1 )
Најголем дел од испитаниците се со завршено основно образование,
односно 40%, испитаниците со завршено средно образование се
застапени со 26 %, а опфатени се и лица без образование, односно 11% ,
како и четири лица со незавршено високо образование. ( Анекс 1).
Сите испитаници кои беа опфатени со истражувањето се со место на
живеење во Скопје.
Што се однесува до работниот статус, најголем дел од испитаниците
се невработени, односно 70 %, привремено вработени лица се 21 %, а
останатиот дел вработени и лица кои работат непријавено. (Анекс 2)
9