Доброволна Сексуална Работа | страница 10

Од вкупниот број на испитаници дури 64 % се сами, во партнерство живеат 13 %, а останатите се во брак односно 10 %, и разведени 13 %( Анекс 2).
Најголем дел од сексуалните работници навеле дека живеат со семејство, односно 66 %, по нив следуваат лицата кои живеат сами 15 % и испитаниците кои живеат со пријатели 14 %( Анекс 2).
Вкупно 56 % од испитаниците немаат деца, останатиот дел имаат 1 или 2 деца, односно 36 %, а само 8 % се испитаници кои имаат 3 и повеќе деца( Анекс 2).
Покрај големиот процент, односно 84 % кои имаат здравствено осигурување, постојат и сексуални работници кои сеуште го немаат или неможат да го регулираат истото, односно 16 %( Анекс 2).
Корисници на социјална помош се само 27 % од вкупниот број на испитаници, останатиот дел, односно 73 % и покрај статусот како невработени лица не го користат истото право( Анекс 2).
10
5.2 Доброволна сексуална работа
Како и општата популација, така и сексуалните работници имаат сосема идентичен секојдневен живот. Секојдневните домашни обврски и обврските околу децата, се едни од најчестите работи кои сексуалните работници ги издвојуваат во истражувањето кое што беше спроведено:
„ Па денот најшесто го користам да ги завршам моите обврски околу домот, чистење, перење, пазарување, готвење, бидејќи навечер работам”.
„ Покрај секојдневните обврски кон куќата и детето, искачам со пријатели на кафе, кафана и после на работа”.
„ По завршувањето на домашните обврски која секоја жена ги има, почнувам да се спремам за на работа”.
Голем дел од сексуалните работници кога би имале можност да се претстават себеси пред општата популација, најчесто би се претставиле себеси подеднакво исти како и работниците во сите останати професии. Истите ја истакнуваат чесноста во давањето на услуги во својата професија, но и фактот дека и покрај својата професија се и одговорни луѓе како и луѓето од општата популација: