„Па, би им објаснила дека сум на исто рамниште со продавачка,
келнерка”.
„Сексуалната работа е работа како и секоја друга”.
„Па, би им кажала дека ниту крадам, ниту пак лажам. Едноставно дека
заработувам исто како нив”.
„Сексуалната работа е работа како и сите други професии без разлика
дали си наставник, фризер или директор”.
„Како и секој човек што си има своја професија и работи, така и јас
живеам и заработувам од мојата работа”.
„Луѓе кои што нудат секс за пари. Тоа е најобича работа како и секоја
друга, да копа, да пее.. Тоа не е работа каде што можеш да се вљубиш,
туку едноставно секс услуга”.
„Жена која работи и се грижи за семејство”.
„Како човек кој работи за да опстане”.
Како основна причина за започнувањето со сексуалната работа,
испитаниците го истакнаа недостатокот на финансии за различни потреби,
брзата заработка, но и еден дел од нив желбата за работата која што ја
работат.
„Брзо заработување пари и ја обожавам работата”.
„Зашто ја сакам работата и многу повеќе правам пари и не сум мачена
од газди”.
„Па што морам, не сум со моите и така оваа работа ми дојде и почнав
да ја работам бидејќи не најдов друга” .
„Па морам не што сакам, немам стабилна работа, а морам да ранам
дете и затоа почнав со сексуалната работа” .
„Парите. Да не зависам за цигари, марихуана, искачање”.
„Гледајќи ги другите како заработуваат и посакав да пробам и јас” .
„Причината беше моето дете, се разбира финансиски средства”.
„Причината е пари. Бидејќи ми беа потребни за психоактивни супстанци
и тоа беше најбрзата заработувачка” .
11