Доброволна Сексуална Работа | Page 12

„ Кога активно студирав немав доволно средства за да си го платам школувањето, да си обезбедам егзистенција и имав потреба од помош од семејството”.
Испитаниците во истражувањето имаа пред се идентично мислење за сексуалната работа, односно дека сексуалната работа е работа како и останатите, само еден незначаен сосема мал дел од испитаниците ја согледуваат како лоша појава:
„ Исто е работа како и другите, но не е лесно да спиеш во еден ден со 5 или повеќе луѓе”.
„ Како и секоја друга работа. Сум работела и надвор од Македонија и верувајте дека е многу подруго”.
„ Дека е работа како и секоја друга и дека треба да се прифати како таква”.
„ Малку е ризична”. „ Работа со која можеш набрзина да спечалиш пари”.
„ Па, не е лесно со секој човек да имаш работа, сексуалната работа е нормална работа”.
„ Па, малку е опасно и страшно но мора да ја работам”.
„ Па, и тоа е една работа како кога одиш на копање или нешто друго. Исто и сексуалната работа е работа”.
„ Многу лошо, ама морам да ја работам оваа работа”. „ Па, не е баш сјајна, секој не би ја сакал ова работа, лошо е, не е сјајно”.
„ Од досегашното искуство милам дека сексуалната работа е исто работа како и останаттите, затоа што се нуди, се заработува и се дава услуга”.
Од вкупниот број испитаници, на 34 % сексуалната работа им е единствена егзистенција, а останатиот број од испитаниците, односно 66 %, покрај сексуалната работа се занимаваат и со други дејности.
Разбирањето на сексуалната работа како работа и обврските околу истата, испитаниците ја истакнуваат со планирање каде ќе работат, начинот на
12