кој ќе ги нудат своите услуги, како и подготовките околу нивниот изглед и
хигиена:
„Размислувам каде би работела, пуштам огласи, договарам по
телефон”.
„Во деновите кога работам, планирам каде ќе работам, барам кленти,
внимавам на хигиената”.
„Одам во станот, се капам, се средувам и чекам клиенти”.
„Пред се, се подготвувам психички бидејќи се сретнувам со разни луѓе.
Си пуштам оглас на интернет, го вклучувам мобилниот телефон и си
седам подготвена за некого да задоволам ”.
„Седам на Facebook, интернет и почнувам да барам клиенти. Кога веќе
ќе се договорам се спремам за клиентот”.
„Па, преку телефон можам или преку Фејсбук ќе бирам клиенти, се
договарам каде да одам, се шминкам и облекувам секси облека”.
„Одам на фризер, се шминкам да бидам убава”.
„Хм, па психички и физички за да можам да издржам. Вообичаено
гардероба, шминка и опрема за работа”.
Перцепцијата на општата популација околу поврзаноста на секојдневиот
изглед и работата на сексуалните работници најчесто е со високата
потпетица, мини здолниште, црвениот кармин, како и носењето
провокативна облека. Од вкупниот број испитаници, дури 66% одговориле
дека не изгледаат во секојдневието исто, како и кога работат. Само 38%
одговориле потврдно.
Испитаниците, најчесто својот изглед при работата го опишуваат:
„Секогаш сум нашминкана, облекувам штикли и кратка сукња”.
„Обично како секој човек, нежна шминка, без штикли”.
„Во зависност од потребите, фармерки, маички, сукњички, корсети”.
„Па се знае, без шминка неможам, без штикли, без парфем и други
работи. Танга и убав долни веш”.
„Во зависност од клиентот, како ќе посака така”.
13