Доброволна Сексуална Работа | Page 14

„ Ништо посебно, најобично се облекувам, понекогаш носам штикли, но тоа се поретки ситуации само кога клиентот го бара тоа”.
„ Кога работам како машко изгледам како ќе посака клиентот, спортски или елегантно. Кога работам како CD( crossdreser) секогаш одбирам убава и провокативна гардероба”.
„ Зависи како сум расположена. Некогаш во тренерки, папучи. Некогаш фармерки, маица, патики или кратки шорцеви”.
На прашањето“ Каде најчесто нудиш сексуални услуги?” најголем дел од испитаниците ги наведоа хотелите, а покрај хотелите услугите ги нудат и во приватните апартмани, станови, клубови, но и отворените сцени односно работата на улица.
„ Хотели, апартмани, клубови. Порано и на улица”. „ Хотел, дома, зависи каде ме викаат”. „ Во мојот стан или во кола, зависи тој каде ќе сака”. „ Во хотел на повик, или само придружба”. „ Хотел, шумa, кола, улица, јавни тоалети, парк”.
„ Хотел, кола, паркови, објекти во изградба или на отворени места( грмушки, некој дуќан и сл.)”.
„ Во стан, понекогаш на улица”.
„ Станови, хотели, мотели, апартмани. Но, најчесто работам надвор од Македонија”.
Како основна причина за започнување со сексуалната работа претходно наведовме дека се финансиите. На прашањето“ Дали заработката од сексуалната работа ги задоволува Вашите потреби и за што најголем дел од истата ја трошите?” како причина ги наведоа секојдневните потреби, потребите околу децата, задоволување на потребите од дроги и психоактивни супстанци, како и инвестицијата во нивната работа:
„ Ми ги задоволува потребите. Поголемиот дел од средствата ги трошам за кирија, месечни сметки, основни потреби”.
„ Не ги задоволува моите секојдневни потреби и потребите од психоактивни супстанци”.
14