Доброволна Сексуална Работа | Page 15

„ Да, многу нормално. Најголемиот дел од средствата ги користам за лични потреби и потреби за работата, т. е. шминка, гардероба, обувки..”.
„ Да. Па гардероба, марихуана, цигари, излегување”.
„ Не баш. Сопругот да не работи незнам дали ќе ни стигне. Две деца и ние двајца сакаме да јадеме, да се облечеме, стоплиме во зима итн..”.
„ Да. На дететето и мои потреби”. „ Ги задоволува. Гардероба, лични потреби, табли, марихуана, алокохол”. „ Не, не е доволна сумата. Парите ги трошам на коцкање”.
На прашањето“ Дали заработката ја делиш со некого?” 22 % одговорија потврдно, и најчесто ги наведоа сопругот, партнерот, но беа застапени и случаи каде што беа наведени и макроата, а останатиот, односно поголемиот дел, одговорија негативно на истото прашање. Еден голем дел од сексуалните работници се и единствените членови кои остваруваат приходи во семејството, односно 26 % од испитаниците.
5.3 Легализација на сексуалната работа
Потребата за промена на законската рамка која ја таргетира сексуалната работа се отсликува со прашањето: „ Дали сте за легализација на сексуалната работа?“. Испитаниците во истражување беа со различни ставови. Голем дел од нив, односно 51 %, потврдно одговорија на прашањето, а останатите не се согласуваат со легализацијата, односно 25 %, но голем е и бројот на сексуални работници кои сеуште немаат изградено мислење за истото. Најголем дел од испитаниците односно 67 %, веруваат дека со легализацијата или пак депенализацијата на сексуалната работа би им се подобрила состојбата во однос на здравствено осигурување, мирот, ненасилството и работното место, а исто така голем дел од испитаниците, односно 25 %, сметаат дека состојбата не би се променила. Само едел мал еден од испитаниците сметаат дека би се влошила состојбата.
Поставувањето на прашањето за подготвеноста за прифаќање на сексуалната работа како професија кај општата популација, доколку би била предложена како опција за вработување, при што доколку се одбие истата да се изгубат правата на невработено лице, донесе до различни ставови. Вкупно 33 % од испитаниците сметаат дека е потребно
15