Доброволна Сексуална Работа | Seite 16

да се изготви друг закон со кој би се регулирало вработувањето на лица како сексуални работници, со цел да нема последици по прашање на губење на правата на невработените лица. Поголем дел од испитаниците односно 37%, одговорија дека не е возможно вработување на лица како сексуални работници доколку сексуалната работа е легализирана, пред се поради специфичноста на самата работа, и дека губењето на правата на невработеното лице би било неосновано. Само еден дел одговорија потврдно, односно дека треба и на лица од општата популација да им се понуди вработување како сексуален работник бидејќи тоа е работа како и сите други и така треба да се гледа на истата. На прашањето „Во Холандија сексуалната работа придонесува 5 % од вкупниот буџет кои што го има државата од даноци. Дали мислите дека во Македонија би можело да се постигне истото?”, 56 % од испитаниците сметаат дека многу би се допринело, но голем е и бројот на испитаници, односно 33%, кои сметаат дека државата на друг начин би требало да го постигне истото. Останатиот дел од испитаниците сметаат дека би допринело, но дека тоа не е потребно. Дел од испитаниците во истражувањето, односно 40 %, сметаат дека доколку се легализира сексуалната работа, бројот на сексуално преносливи инфекции би се намалил, а голем е бројот на испитаници кои сметаат дека би немало никаква промена, односно 15%. Еден мал дел од испитаниците сметаат дека бројот на сексуално преносливи инфекции би се зголемил. На прашањето „Од искуството во другите земји каде сексуалната работа е легална, по легализацијата на истата трговијата со луѓе се има зголемено. Што мислите што би се случило во Македонија?”, вкупно 5 % од испитаниците сметаат дека состојбата би останала иста, а еден дел односно 29 % сметаат дека би се намила. Останатиот дел, односно 12%, сметаат дека трговијата со луѓе би била на исто ниво како и во другите земји каде што е легална сексуалната работа, односно би се зголемила трговијата со луѓе. Свесноста за соработка со полицијата во борбата против трговијата со луѓе, како и поголемата свест за поддршка помеѓу заедницата, се покажа со прашањето „Дали Вие како сексуален работник/чка би и помогнале на полицијата во трговијата со луѓе доколку знаете дека некој/а сексуален работник/чка работи под присила?”. Еден дел, односно 49%, одговорија потврдно, а останатиот дел, односно 51%, иако би сакале да помогнат, не би го сториле истото. 16