Доброволна Сексуална Работа | Page 17

6. Заклучоци и препораки
Од вкупниот број на испитаници во истражувањето во трите сцени, односно отворената сцена, затворената сцена и сцената во Шуто Оризари, се дојде до заклучок дека сексуалната работа се смета како подеднаква на останатите. Финансиите за обезбедување на егзистенцијата, подобрување на квалитетот на живот, посветеноста кон децата, како и задоволувањето на различните индивидуални потреби се основна причина за започнување со сексуалната работа. Сето ова укажува на поголема и подетална промоција на сексуалната работа.
Секојдневието на сексуалните работници е подеднакво исто како и на луѓето од општата популација, за разлика од ставот на општата популација дека сексуалните работници се луѓе кои што не преземаат никакви обврски, неможат да бидат добри и посветени родители и сл.
Облеката неможе да го отслика статусот на сексуален работник. Најголемиот дел потврдија дека секојдневиот изглед не се поистоветува со изгледот при самата работа, спротивно на перцепцијата на општата популација во однос на секојдневниот изглед на сексуалните работници, како и изгледот на сексуалните работници при самата работа, односно „ Девојка со високи потпетици, мини здолниште, изразена шминка” или „ Момче со провокативна гардероба”. Ова укажува на недоволно познавање на заедницата на сексуални работници, а за сето ова е потребно развивање на активности преку кои би се промовирале сексуалните работници.
Перцепцијата на потребата за промена на законската рамка која ја таргетира сексуалната работа кај сексуалните работници е зголемена. Кај еден дел од сексуалните работници може да се заклучи дека легализацијата на сексуалната работа е прифатлива, но еден голем дел од испитаниците сметаат дека е потребна промена на законската рамка, но не и легализација на сексуалната работа. Сето ова, сугерира на потребата од соодветна промена на законската рамка според потребите на сексуалните работници и воопшто сексуалната работа, но истовремено и подобрување на знаењата и обрвските на заедницата на сексуални работници со предвидената законска рамка која би била предложена.
Резултатите во однос на зголемената свесност за сексуалното здравје, како и подготвеноста на заедницата за соработка со полицијата во спречување на трговијата со луѓе, сугерира на континуирана соработка со здравствениот сектор, подобрување на секундарната здравствена грижа, зголемување на соработката со претставници на Министерството за внатрешни работи.
17