Доброволна Сексуална Работа | Page 8

од сексуалните работници, за да се соберат информациите и да ги анализираме ставовите на сексуалните работници околу доброволната сексуална работа и легализацијата на истата.
3. Метод, време и место на истражувањето
При ова истражување се користеше методот на анкета. Како анкетари беа ангажирани теренските работници од сцената во Шуто Оризари, затворената сцена и програмскиот асистент во здравствената програма на СТАР, за делот на отворената сцена. Пред да се започне со интервјуирањето, лицата поминаа обука за спроведување на индивидуални интервјуа користејќи структуриран прашалник со следниве теми:
- Демографски податоци- Доброволна сексуална работа- Легализација на сексуалната работа
Секој член од тимот беше обучен да ја сочува приватноста и анонимноста на учесниците во истражувањето.
Истражувањето се спроведе во периодот помеѓу април и мај 2016 година во Скопје, на отворената сцена каде се нудат сексуални услуги, затворената сцена, како и сцената во Шуто Оризари.
При креирањето на стратегијата за истражување, се утврди дека доволен број за да се прикаже реалниот став на сексуалните работници за доброволната сексуална работа и легализацијата на сексуалната работа се 73 сексуални работници, односно една третина од вкупно исконтактираните сексуални работници од сите три сцени.
4. Истражувачки тим
Во спроведување на истражувањето учествуваа:
8
- Борче Божинов – Координатор на истражување;- Глигор Чанов, асистент во програма за застапување на СТАР- квантитативна и квалитативна обработка на податоци;- Љупчо Попов, асистент во програма за здравје на СТАР – интервјуер;- Љубинка Атанасоска, теренски работник во СТАР – интервјуер;