Доброволна Сексуална Работа | Page 7

Во некои култури, уметноста за да се предизвика одредено сексуално задоволство се изучувало во одредени училишта, а само оние кои успешно ги совладувале вештините и знаењата поврзани со сексуалното задоволство, можеле да се занимаваат со сексуална работа. Се додека не е криминал да се побара и даде пари или материјални добра во останатите услужни дејности, и се додека не е криминал две полнолетни лица доброволно да можат да имаат сексуални односи, перцепцијата како „општествено зло” е сосема погрешна. Третирањето на сексуалноста како прекршок, придонесува до оддалечување на сексуалните работници од здравствените сервиси. Како останати причини за истражувањето се континуираната „посветеност “ на владините институции кон човековите права на жртвите на трговијата со луѓе, но од друга страна игнорирање и непочитување на правата на сексуалните работници кои секојдневно се кршат од страна на полицијата, институциите и медиумите. Референци: http://www.who.int/hiv/topics/vct/sw_toolkit/115solution.pdf http://forum.femina.mk/threads/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%8 2%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.4927/page-7 2. Главни цели на истражувањето - Да се соберат индивидуални податоци, перцепции и ставови на сексуалните работници во врска со доброволната сексуална работа и легализацијата на сексуалната работа. - Да се подигне свеста кај општата популација за сексуалните работници, сексуалната работа воопшто, како и да се претстават позитивните и негативните страни на легализацијата на сексуалната работа. СТАР- СТАР како здружение на граѓани кое активно ги вклучува лицата од сексуалната индустрија од самото основање, има за цел да ја промовира сексуалната работа која најчесто претставува слободен избор и нема допирни точки со прашањата поврзани со трговијата со луѓе. Од континуираното следење на реалната ситуација во Република Македонија во врска со перцепцијата на општата популација кон сексуалните работници и сексуалната работа воопшто, заклучивме дека е потребно да се направи истражување на ниво на градот Скопје каде што работат најголем дел 7