1. Основа на истражувањето
Сексуалните работници се жени, мажи и трансродови луѓе кои добиваат пари или материјални добра во замена за сексуални услуги и кои свесно се вклучуваат во активности за генерирање приходи, дури и ако тие не сметаат дека сексуалната работа е нивна професија.
Ставот на популацијата за сексуалните работници и сексуалната работа, воопшто
„ Проституките се земени присилно. Не верувам дека жена од ќеиф би ја работела таа работа бидејќи не е баш лесна. Мажите ги има секакви и мора на секој да удоволи. Па садисти, па со болни фетиши, свашта. Јас лично, таквиот начин да заработувам и да се прехранам не би си го допуштила, но не сум тука за да ги осудувам тие жени или девојки кои најчесто ги лажат дека ќе дојдат до работа, а потоа ги носат на сосема трети места. Имаат надеж дека животот ќе им донесе нешто светло. Не би сакала да почувствувам како е да се биде во нивна кожа“.
„ Тие што сакаат скапа кола, многу пари, изласци, чанти, облеки и не знам веќе што, за тие си се знае името. СПОНЗОРУШИ. И такви веќе среќаваме на секој чекор. Е тие, неможам да не ги гледам напреку и неможам да ги жалам. И јас сакам пари, и јас сакам многу нешта, ама не си ги заработувам така што го подавам моето тело на некој си со полн паричник и јака кола. Е, од вакви ми се гади веќе”.
Како и во голем број земји, така и во Република Македонија постои негирање на сексуалната работа како работа. Негирањето на сексуалната работа како услужна дејност е постојано присутно и помеѓу општата популација, но и во државните институции. Како примери на услужни дејности покрај сексуалната работа, би ги навеле и останататите услужни дејности и професии кои се насочени кон задоволување на одредени телесни потреби, односно масер, јога или аеробик инструктор. Голем дел од општата популација ги користат услугите од споменатите професии за задоволување на одредени телесни потреби. Доколку користењето услужни дејности кои задоволуваат одредени телесни потреби не се забранети, која е причината што сексуалната работа е забранета? Како синоним кој голем дел од општата популација го користи за сексуален работник, е синонимот „ професионалка”. Сексуалната работа, најчесто општата популација ја препознава како најстариот занает на светот. 6