Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 98

Кутија 3.5
Пример на случај: Дневник за сексуално здравје
Во Тајланд, SWING има работено со машките сексуални работници за да развијат дневници за сексуално здравје како алатка за помош за следење на нивниот сопствен ризик и самите да се впуштат во дијагнозата на симптомите за СПИ. Дневникот им дава начин на откривање и одржување на сопственото превентивно однесување, вклучувајќи и терапија и скрининг на СПИ. Сексуалниот работник ги запишува следните информации на дневна база:
• Број и вид на сексуални односи( анален / орален / друго): o Дали е со муштерија или со партнер o Дали е без кондом o Дали е без лубрикант o Дали е со правило користење на кондомот
• СПИ симптоми( да / не / не сум сигурен, за листа на други симптоми)
• Било кој медицински тест или третман( и симптомите), вклучувајќи СПИ скрининг и ХИВ тестирање.
Секој дневник има доволно страни за цел месец. Сексуалниот работник го потполнува ова на неделна база и го дава на теренскиот работник за програмот и потоа заедно дискутираат. Овие информации се запишуваат во базата на податоци и се користат за да се процени ризикот и да се прилагодат услугите за сексуалните работници. Кога сексуалниот работник ќе пријави некакви симптоми, тој се охрабрува за да посети доктор, да направи тестирање и да добие соодветен третман. Користењето на дневникот не е никаков предуслов за добивање на било какви услуги од програмот, но тој е широко користен и машките сексуални работници изјавиле дека им се допаѓа. SWING планира да ја присвои оваа алатка и за женските сексуални работнички
Микро планирање
Микро-планирањето им дава на теренските работници одговорност и авторитет за да управуваат со својата сопствена работа. Со овој пристап, теренските работници ги користат нивните знаења за заедницата и информациите кои ги запишуваат во тек на контактот со сексуалниот работник, за да управуваат со теренската работа и тоа да им биде приоритет.
Во микро-планирањето, теренските работници се обучени да ги користат алатките за добивањето на податоци за ранливоста и ризикот на секој поединец на кој што му стојат на располагање и на услугите кои тие ги пружаат. Алатките за микро планирање се дизајнирани за да бидат лесни за употреба, на пример, да бидат во вид на слики така што ќе можат да бидат користени и од страна на сексуалните работници со слаби писмени вештини( види Слика 3.7). Тие можат да бидат адаптирани за рутинското следење да може да биде пријавено користејќи мобилни телефони, во прилог на запишување на податоците на хартија.
74