Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 97
Теренските работници како менаџери на теренската работа
Теренскиот работник користи превенција и начин за решавање на проблемите
на секој сексуален работник поединечно и тоа се состои од неколку чекори кои
се оценети и повторени, како што налагаат околностите:
1. Проценка на потребите на индивидуалните сексуални работници, користејќи
стандардни алатки (види “микро-планирање“ подолу).
2. Развој и план за акции со сексуалните работници базиран на потребите кои
што можат да бидат решени.
3. Обезбедување на средства, информации и советување за да се даде
сигурност дека сексуалните работници се посветени за решавање на овие
потреби со помош на заедницата.
4. Олеснување на упатот за другите услуги, ако е потребно.
5. Следење на упатството со поддршка и информации, ако е потребно.
6. Повторно да се направи проценка и евалуација на потребите на секој
поединец посебно на редовна база.
Фигурата 3.6 погоре претставува пример за начините на кои теренските
работници можат да му пружат директна помош на сексуалниот работник.
73