Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 96

Клинички услуги: Теренските работници од заедницата формираат врска помеѓу заедницата и клиничките услуги. По барање на сексуалните работници, тие можат да ги придружат до здравствените установи и да ги застапуваат, ако е тоа потребно. Теренските работници вршат промоција, објаснување и снимање на СПИ услугите и доброволно HTC оценување и посети. Теренските работници обезедуваат важни познавања за програмот во врска со тоа како се користат правилно услугите и да бидат сигурни дека сексуалните работници ги користат како што треба. Исто така тие треба да се осигураат дека услугите се на највисоко ниво и дека нема никакви потешкотии при нивната употреба. Теренските работници исто така им нудат на секусалните работници советување после тестирањето и даваат сигурност на оние кои имале позитивен резултат дека ќе им биде пружено соодветното лекување.
Структурни интервенции: Теренските работници ги мобилизираат членовите од нивната заедница да земат учество во иницијативите за решавање на прашањето околу стигмата и дискриминацијата, насилство и малтретирање од страна на полицијата и создавање на системи за социјална помош, на пример, сигурен пристап за школување на децата на сексуалните работници.
Услуги водени од заедницата: Теренските работници нудат увид од нивниот личен контакт со програмата и заедницата кои се важни за програмското планирање и политичките процеси на локално, национално и глобално ниво.
Управување со теренската работа: Управувањето со теренската работа се случува на две нивоа: теренскиот работник од заедницата управува самиот со теренската работа на сексуалните работници; вработените во прогамот вршат надгледување и поддршка за заедницата на теренски работници.
Директни услуги Врски
• Обезбедување на кондоми и лубриканти
• Лична поддршка преку комуникација за промена на однесувањето и меѓучовечка комуникација
• Одговарање на насилство
• Вовед во групите на заедници
• Помош за добивање доброволни
• ХИВ тестирања и советувања
• Помош за добивање антиретровирусна терапија
• Помош за добивање репродуктивно здравје
• Врски за другите услуги за
• поддршка
Следење
• Тековни советувања и поддршка послетестирање
72