Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 92

Кутија 3.3
Предложен критериум за избор на теренски работник од заедницата
• Моментално да е активен како сексуален работник и има време да работи на терен
• Посветен на целите и задачите на програмот
• Има познавање од локалните контексти и поставки
• Прифатен од заедницата
• Одговорен кон заедницата како и кон програмот
• Толерантен и има почит за другите заедници на сексуални работници каде што постојат разлики од таа во која што тој спаѓа
• Способен да ја одржи самодовербата
• Добри комуникациски, слушачки и меѓучовечки вештини
• Полн со самодоверба и потенцијал за лидерство
• Потенцијал да биде пример на модел за однесувањето што го бара во другите
• Има желба за учење и експериментирање на поле
• Посветен на неговата достапност за другите сексуални работници ако тие се соочат со насилство или итен случај
Како што старее програмот, треба да се прилагоди повеќе структурен процес за избирање на нови теренски работници од заедницата:
1. Неформален комитет на лидери од заедницата и програмскиот персонал, вклучувајќи ги и моменталните теренски работници, го дефинираат критериумот за нови теренски работници, ги идентификуваат потенцијалните работници, ги контактираат за да видат дали сакаат да работат и потоа прават едно основно интервју со нив. Кандидатите се ранкирани врз база на критериумите дадени во Кутија 3.3
2. Од кандидатите е побарано да земат учество во една вежба за мапирање на социјалните мрежи, со помош на теренските координатори, за да се одреди големината на нивните социјални мрежи на сексуални работници( види слика 3.5).
3. Моменталните теренски работници од заедницата зборуваат со некој познаник на потенцијалниот теренски работник за да видат дали тие ќе го прифатат кандидатот како теренски работник.
4. Врз база на интервјуто, мапирањето на социјални мрежи и консултации, комитетот избира соодветен број на нови теренски работници. во другите
5. Комитетот дискутира за методите за следење на работата на теренските работници( Ова може да биде преку формални комитети: види Секција 3.4.3.). Членовите од заедницата треба да бидат во можност да контактираат за проектот во случај на некаков проблем поврзан со теренските работници од заедницата.
68