е дозволено, за да се осигура дека надоместокот на теренските работници е постојан и транспарентен во тек на програмот.
3. План за обука: проверка дали е достапен и соодветен планот за одредени поставки за теренската работа. Идеално би било планот да се развива и стандардизира на централно / регионално ниво, но може да биде прилагоден и за решавање на локалните јазични и културни прашања( види Кутија 3.4 и ресурсите дадени во Секција 3.5). Проверка дали се достапни тренери.
4. Прилагодување на теренските алатки за теренските работници од заедницата. Ова може да вклучува дневни и месечни форми на пратење кои го оценуваат индивидуалниот фактор на ризик и ранливост како и нивниот пристап до услугите. Теренските алатки треба да бидат сликовити за теренските работници со низок степен на писменост( види Фигура 3.7).
5. Развој на план за обука на повеќе нивоа за да се подобрат вештините на теренските работници од заедницата, самодовербата и лидерството( види подолу и Кутија 3.4). Ова треба да вклучува редовни обуки на новите членови во заедницата за да се осигура дека секогаш има доволен број на достапни лица. Обуката треба да ги зголеми вештините на теренските работници на повисоко ниво за сите компоненти на програмот, така што тие ќе бидат способни да им ја објаснат целата процедура на сексуалните работници.
6. Развој на план за напредување на кариерата за теренските работници од заедницата да се осигураат дека тие имаат можност да го превземат лидерството и одговорноста за програмските активности и да ги надгледуваат теренските и другите аспекти на програмот, вклучувајќи и некои улоги кои што можеби им припаѓаат на вработените во NGO.
7. Да се објасни напредокот на сексуалните работници во NGO на останатите работници што не се сексуални работници ако е тоа потребно, за да се осигура дека не постојат натпреварувачки интереси( види Поглавје 6, Секција 6.2.8)
Регрутација на теренските работници од заедницата Во почетните фази на програмот, изборот на теренски работници од заедницата може да биде неформален процес: спроведувачките организации можат да ги поканат сексуалните работници кои се вклучени во почетното мапирање и планирање на фазите да останат вклучени во новите програми како теренски работници и / или да ги идентификуваат другите сексуални работници кои имаат потенцијал да ја извршат оваа улога. Во секој случај, критериумите за избор дадени во Кутија 3.3 треба да се имаат во предвид. Исто така е многу важно да се набљудува односот помеѓу сексуалните работници вклучени во мапирањето и другите членови од нивната заедница.
67