Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 90

Слика 3.4 Шема за информации за сексуалните работници Оваа шема дава информации за сексуалните работници во една област, а намената на овие информации е за планирање на теренската работа. Дизајнирана е за да им послужи на сексуалните работници кои не се писмени. Тие со прости цртежи цртаат ги идентификуваат сексуалните работници кои ги познаваат, каде тие живеат, се сретнуваат со клиенти и каде имаат сексуални односи со нив. Слично на тоа, симболите го откриваат времето во денот кога сексуалните работници се најдостапни за разговор. Оваа шема може да послужи за сексуалните работници да помогнат на некој друг сексуален работник, ако има потреба. Извор: Karnataka Health Promotion Trust, Karnataka, India\ Б. Регрутација и обука на теренските работници Чекорите претставени подолу, претставуваат оптимален процес на регрутирање и обука за теренските работници. Ако е воспоставена нова интервенција, овие чекори можат да бидат спроведени прекувремено, со тоа што програмот го зголемува бројот на членови во заедниата. Во пракса, прогамот може да започне со мал број на членови и по неформална структурна организација, но станува формална со тек на зголемување на членовите. 1. Развивање на работните услои за теренските работници од заедницата кои ги одредуваат потребните критериуми (види Кутија 3.3), улоги и одговорности. Вклучува политики за наградување, дозволи за патување, дневница и др. 2. Развивање на насоките за регрутација, задржување, оценување и промовирање на теренските работници од заедницата. Процесот за селекција треба да биде добро познат во заедницата, така што ќе може да се смена на сите оние кои се заинтересирани да бидат теренски работници. Соработување со другите програми во државата, каде што тоа 66