Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 93

Слика 3.5 Мапа на социјални мрежи Мапа на социјалните мрежи покажува во какви односи се сексуалните работници едни со други, дали се само познаници или се и блиски пријатели. Оваа мапа е направена од еден сексуален работник и ја покажува неговата поврзаност со другите сексуални работници. Секој круг претставува посебен сексуален работник а стрелките го покажуваат сексуалниот работник кој тие го познаваат. Ефективните сексуални работници имаат широки мрежи на познавање. Мапата може да биде искористена за да се одреди теренски работник да работи со група на сексуални работници кои што тој ги познава најмногу. Извор: India HIV/AIDS Alliance, Andhra Pradesh, India Обучување на теренските работници од заедницата Обуката треба да биде редовна и може да биде спроведена на повеќе нивоа: 1. Основно обучување на почетокот на навлегување во програмот 2. Напредно обучување за да се стекне знаење и вештини 3. Неформално следење од страна на теренски супервизор/управник за поддршка на теренските работници (дневно). 4. Групни дискусии и следење со теренските работници (неделно) Планот за обука треба да буде интерактивен. Зајакнувањето на теренските работници од заедницата совнесување на нивни лични искуства и иницијатива за нивната работа треба да биде нагласено. Ова значи дека обуката може да биде најефективна кога е спроведена од тренери кои и самите се сексуални работници (Тренерите треба да примаат надомест). 69