Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 86

5.2)
• Придружба на ХИВ-позитивните сексуални работници до центрите за третман ако има потреба од тоа и да водат сметка за тоа дали тие се придржуваат кон примање на антиретровирусна терапија( види Поглавје 5, Секција 5.3)
• Во програмите што обезбедуваат услуги за лицата кои вбризгуваат дрога, обезбедување на чисти игли и шприцови и други намалувања на штетите предизвикани од дрогата; и давање на упатства за медицински услуги ако тоа е потребно( Види Поглавје 5, Секција 5.5 за подетални информации).
• Обезбедување на информации за сексуално и репродуктивно здравје и нивно упатување во услугите ако тоа е потребно
• Помош за одржување на системите за одговор кон кризата( види Поглавје 2, Кутија 2.9).
• Земаат учество во комитетите на заедницата и советувачките групи( даваат препораки за подобрување на односите со вработените, теренската работа, безбедните места) и мобилизирање на активностите, како и обезбедување на повратни информации од теренот за начини на унапредување на програмот.

3.2.2 Чекори за спроведување на теренската работа предводена од заедницата

Неколку чекори се потребни за воспоставување на теренската работа на сексуалните работници водена од заедница:
А. Да се направи мапа на заедницата и да се дизајнира стратегијата на теренската работа Б. Регрутација и обука на теренските работници В. Спроведување и управување со теренот Г. Поттикнување на можностите за водење на теренските работници
А. Да се направи мапа на заедницата и да се дизајнира стратегијата на теренската работа
Воспоставување на силнен теренски систем воден од заедницата вклучува програмските тимови, сексуалните работници и другите луѓе да бидат на локацијата каде се наоѓаат сексуалните работници. Доверливо собирање на податоците и значајно консултирање со сексуалните работници и други клучни индивидуи и институции е од голема помош за осигурување дека програмот нуди прифатливи и пристапни услуги до поголемиот број членови од заедницата и дека програмот покажал позитивни резултати.
Од голема важност е да се разбере каде се наоѓаат сексуалните работници и како да се стигне до нив. Ова почнува со правење на програмска мапа и проценка на големината( види Поглавје 6, Кутија 6.4 и Фигура 6.5). Кога мапирањето ќе се фокусира на индивидуални локации каде што работат сексуалните работници,
62