Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 85

Кутија 3.2 Теренска работа водена од заедницата и зајакнување на заедницата Кога ќе се спроведе добро, теренската работа предводена од заедницата е дел од програм кој достигнува најголеми пропорции од заедницата, најрегуларно и со најдиректен личен пристап. Разбирливоста на заедницата на сексуалните работници и личното инвестирање во благосостојба на заедницата е толку важно за успех на интервенцијата колку и успехот на услугите што ги нудат. Тие треба да бидат почитувани и да имаат значење. Ова има двa заклучоци: • Терминот “заедница“ никогаш не треба да биде разбран или користен да се алудира на тоа дека сексуалните работници од заедницата се помалку квалификувани или помалку способни отколку сексуалните работници што не припаѓаат на некоја заедница. • Сексуалните теренски работници од заедницата не се волонтери; тие треба да бидат платени за нивната работа исто како и останатите вработени лица, и треба да им се даде можноста за напредување и за поголеми примања, од страна на спроведувачката организација. 3.2.1 Што прават теренските работници од заедницата? Теренските работници од заедницата обично извршуваат неколку клучни функции: • Се состануваат (месечно) на база еден-на-еден со сексуалните работници во нивните доделени области. Во зависност од густин ата на заедницата на сексуални работници, можно е еден теренски работник да работи со 35-65 сексуални работници (исто така види Поглавје6, Табела 6.4). • Проценка на превенциите на ХИВ, негата и поддршката на секој сексуален работник и развивање на план за да се искажат овие потреби преку програмот и заедницата. • Проценка на тоа колку кондоми им се потребни на сексуалните работници за нивните активности и дистрибуција на потребниот број за да се покрие периодот до следниот контакт со сексуалниот работник. • Промовирање на безбедни места (види Секција 3.3 подолу). • Охрабрување на сексуалните работници да ги посетат клиниките и да направат преглед за СПИ, да ја објаснат услугата, да го одредат бројот на случаи и ако е потребно со нив да одат на клиника за да се проверат. Да ги застапуваат сексуалните работници за добивање на овие услуги ако имаат некакви потешкотии.ја • Поддржување на сексуалните работници за HTC и да им дадат сигурност дека ќе им биде даден упат ако имаат потреба (види Поглавје 5, Секцја 61