Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 84
3.2 Теренска работа предводена од
заедницата на сексуални
теренски работници
Теренска работа
предводена од
заедницата
•
Главно лично соочување помеѓу програмот (заедница на
теренски сексуални работници) и мнозинството на заедницата
• Промоција на услуги и упатства поврзувајќи ја заедницата со
залихи на кондоми, доброволни ХИВ тестирања и советувања,
дијагноза и грижа за СПИ, антиретровирусна терапија и др.
услуги
• Влезна точка за зајакнување на партнерството на заедницата
• Влезна точка за зајакнување на одговорот за криза воден од
заедницата и други структурни интервенции
Теренската работа предводена од заедницата е клучна врска помеѓу заедницата
и превенцијата на ХИВ, негата и третманот обезбеден од еден програм. Тоа им
овозможува на сексуалните работници да имаат познавања од прва-рака за
ранливоста и ризикот како да ги решат проблемите со членовите од нивната
заедница, зајакнување на пристапот до услугите и ХИВ превенцијата, третманот
и негата да бидат поостварливи. Теренските сексуални работници18 градат
блиски врски со другите сексуални работници, ги разбираат нивните потреби
како индивидуи, и на регуларна база им обезбедуваат соодветни висококвалитетни
услуги. Со следење на релативната ранливост и ризик на секој сексуален работник
индивидуално, сексуалните теренски работници се снабдуваат со првото ниво на
собирање податоци за програмот.
Во оваа алатка, терминот “заедница на теренски работник ’’ значи сексуален работник кој ја
спроведува работата на останатите сексуални работници и тој, генерално, не е вработен со полно
работно време на интервенции за превенција на ХИВ (вработениот со полно работно време може и
наједноставно да се нарече “теренски работник“). Теренските работници можат да се нарекуваат и со
друго име на пример “врснички едукатори“, “врснички теренски работници“ или наједноставно
“теренски рабтоници“.
18
60