Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 87
учеството на членовите на заедницата е потребно за да се оцени квалитетот на
услугите и карактеристиките на средината и условите, како и релативниот ризик
и ранливост на индивидуалните сексуални работници.
Чекорите за локални консултации што информираат за мапирањето се:
1. Регрутација на една основна група на сексуални работници да работат на
изработката на мапата. Тоа треба да бидат луѓе со детално познавање на
локациите и да имаат стекнати работни навики во заедницата.
2. Работа со сексуалните работници за развивање на мапи кои ги откриваат
локациите на сексуалните работници (како што се автобуски станици,
бордели, барови, војни бараки и др.) во најјгустите локации во покриените
области (Фигура 3.2). Исто така и идентификување на точките за услуги,
на пример, места каде што се достапни кондоми (Фигура 3.3).
3. Со основната група на сексуални работници, откривање и градење на
врски со “клучните информатори“ во овие локации, вклучувајќи и други
сексуални работници, сопственици на бордели или барови. Преку групни
дискусии со овие клучни информатори, се доаѓа до консезусна проценка
за бројот на сексуални работници на секоја локација (Фигура 3.4).
4. Правење план за услугите користејќи ги информациите добиени од
клучните информатори, вклучувајќи каде да се лоцираат и најдоброто
време за нив. Со цел да се стави пристапноста на услугите на максимум,
клиниките и безбедните места треба да бидат лоцирани блиску до
областа каде што има најголема густина на сексуални работници. Треба
да се земат во предвид и дополнителни компоненти. На пример, Ако
повеќе членови во една област имаат деца, може да се обезбеди клиничка
помош за децата по многу пониска цена од нормалната; и ако полицајците
се најголемиот проблем, тогаш треба приоритет да бидат интервенциите
за одговор на насилството.
5. Преку клучните информатори се запознаваат и градат односи со
дополнителни сексуални работници кои можат покасно да станат теренски
работници.
Заштита на сексуалните работници во мапирањето
Клучни информатори: Влијанието на клучните информатори, како што се
сопствениците на бордели и барови, секогаш треба да го имаат во предвит
животот на сексуалните работници и нивната сигурност при мапирањето. Како
што се достапни за да вршат промоција за користење на кондоми, упатства за
услугите и нудење на помош против малтретирање и насилство, тие исто така
можат и да се противат кон овие услуги. Затоа треба да се води грижа за да се
сигурни сексуалните работници во донесување на нивните одлуки, и за овие
активности да не им вршат притисок, штета или несакано изложување на
ваквите сексуални работници.
Мапи: Мапите што содржат информации околу локацијата и/или
идентификацијата на сексуалните работници треба да биде сметана како тајна
и да биде чувана на скришно место на одредена локација. Планирачите на
програмите и спроведувачите треба да пазат овие мапи да не дојдат до рацете
63