Следењето и евалуацијата на превенциите за насилство и напорите за да се одговори на нив се битни затоа што:
• Податоци за насилството со кое се соочиле сексуалните работници обезбедува база за планирање и дизајнирање на соодветните стратегии
• Вклучуваат индикатори на насилство со кое се соочиле сексуалните работници во кутијата на рутинско следење. Ова им дозволува на програмерите да следат дали има несакани последици од интервенциите на сексуалните работници, На пример: насилство од одмазда.
• Докази за насилство со кое се соочиле сексуалните работници е силна алатка за застапничките напори да се промени законот и политиката поврзана со сексуалната работа и да се создадат поволни услови за промовирање на правата на сексуалните работници
Евалуацијата за превенцијата на насилството и стратегиите за одговор е повеќе потребна од било која опција спомната во секцијата 2.2. Собирањето на точни информации во врска со насилството бара од сексуалните работи да имаат доверба и слободно да ги кажат сите искуства што ги имале со насилство. Треба да се води грижа собирањето на податоците или документација на инцидентите на насилство врз сексуалните работници дополнително да не ја загрозува нивната сигурност или да ги стигматизира. Градењето на довербата зависи од етичките и безбедносните мерки користени во собирањето на податоците, а исто така и вештините за собирање на податоците, како што се сочуствување со сексуалникот работник и внимателно поставување на прашањата. Упатството на СЗО за етика и безбедност на истажување на насилствата врз сексуалните работници е препорачано како стандард кој што треба да се следи при собирање на информациите од сексуалните работници( види секција 2.4). Сексуалните партнери мора да бидат еднакви партнери во дизајнот, спроведувањето и ширењето на резултатите од било кое собирање на податоци активно поврзано со насилството или другите насилства врз човековите права против нив.
Се уште не постојат валидни и интернационално признаци популациски базирани индикатори или програмски индикатори кои се однесуваат стриктно за насилството против сексуалните работници. Индикаторите за следење и евалуација на интервенциите што се однесуваат за насилството врз сексуалните работници би требало да биде развиено или прилагодено и признаено, ако се базира на веќе постоечките индикатори за превенција и одговор на насилството во генералната женска популација.
Во некои поставки, како што е во Индија, био-бихевиоралните истражувања за СПИ и ХИВ спроведени со клучните популации, како што се сексуалните работници, вклучиле индиикатори на насилство со кое се соочени сексуалните работници како на пример:
• Процент на испитани сексуални работници кои биле физички тепани или натерани да имаат сексуален однос од страна на некој поединец против нивната сопствена желба во последната година.
Сепак, ова истражување не ја покажува целосната слика за физичко и сексуално насилство врз сексуалните работници како што е дефинирано во Кутија 2.1.
50
Собирањето на податоци базирано на под услови дали се“ тепани или силувани“ може да даде лажен процент, односно помал процент од реалниот. Затоа треба да се направи дополнително истражување, вклучувајќи и квалитативни