истражувања, за подобро да се разбере контекстот, динамиката и факторите што влијаат врз насилството врз сексуалните работници.
Во Индија, каде што Иницијативот за СИДА Авахан вклучиле системи за одговор на кризата однесувајќи се на насилството врз сексуалните работници, со нивниот програм собирале податоци за пријавени инциденти на насилство. Овие индикатори вклучуваат:
• Број на сексуални работници кои пријавиле инциденти на физичко насилство
• Број на сексуални работници кои пријавиле инциденти на сексуално насилство
• Сторители на било каков вид на насилство пријавени од страна на сексуалните работници, сместени во категории( На пример, полицајци, интимни партнери, клиенти)
Програмското следење на податоците кои се засноваат на само пријавени случаи на насилство се чувствителни кон пристрасност. Со тек на времето, може да стане тешко и предизвикувачки да се протолкуваат напорите за следењето што го детектираат зголемувањето или падот на пријавувани инциденти. Некои форми на насилство се почесто пријавувани кога се пуштени во употреба системите за програмско следење, но ова варира во зависност од контекстот со тек на времето. На пример, во една поставка, инцидентите пријавени за насилство од партнерот се зголемувале со стареење на случајот, што може да биде поради тоа што сексуалните работници многу покасно стекнале храброст и моќ да го признаат овој инцидент и да го пријават, или како последица на“ одмазда“ со што сексуалните работници стануваат поагресивни во нивните врски. Само-пријавувањето на инцидентите исто така зависи и од нивото на доверба и сигурност на сексуалните работници во персоналот што работи на програмот и во самиот систем на следење, посебно тоа што чинот на откривање на оваа тајна може да ги доведе сексуалните работници во опасност. Друг индикатор за следење на присутноста на услугите за после силување што можат да бидат прилагодени во програмот за сексуални работници е:
• Бројот или процентот на пружени услуги со обезбедена соодветна медицинска. Психолошка и правна поддршка за жените и мажите кои биле силувани или имале инцест.
Овој индикатор е вклучен во Соединетиот Буџет на UNAIDS, UBRAF за мерење на напредокот на државите во врска со сексуалното насилсво, а во контекст на одговор за Сида1 6
16
Во UBRAF овој индикатор е дефиниран како процент на држави кои имаат пријавено присутност и употреба на една или повеќе услуги кои што обезбедуваат соодветна медицинска, психолошка и правна поддршла за мажите и жените кои биле силувани или имале инцест. Користењето на бројот или процентот зависи од тоа дали е спроведено истражување базирано на oбјект во областите каде што се вршат интервенциите.
51