Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 73
2.3 Управување, следење и евалуација
Интервенциите опишани во ова поглавје не се спроведуваат само на локално
ниво, туку бараат ангажман за поднационално и национално ниво. Ова особено
се однесува за работите за сензибилизација и застапување
Слика 2.1 Илустративен пристап на повеќе нивоа однесувајќи се за
насилството против сексуалните работници
Централно
Држава
Област
Општина
Фронтален
работни
• Застапување за законски и политички реформи и намалување на стигмата и
дискриминацијата
• Воспоставување на национални протоколи за обезбедување на услуги за
сексуалните работници и други форми на насилство
• Обраќање за насилството врз сексуалните работници на националните политики
и планови за ХИВ и на насилството базирано на полот.
• Обука и сензибилизација на полицијата и поттикнување на полициската
одговорност
• Застапување за закониски и политички реформи и намалување на стигмата и
дискриминацијата, преку јавни кампањи за ХИВ и насилство базирано на полот.
• Работилници за сензибилизација (со локалните владини службеници,
полициски службеници на високи позиции)
• Работење со новинари и други членови од медиите за промовирање на
позитивни приказни во врска со сексуалната работа.
• Обука, сензибилизација и поттикнување на полициска одговорност
• Обука на здравствените работници за пружање на нега
• Одржување и споделување листи или извештаи на напаѓачи
• Обука и сензибилизација на сексуалните работници за човечките права и
закони
• Клиничка нега и документација на медицинските и правните докази во случај
на сексуален напад
• Обука и сензибилизација на сексуалните работници за човечките права и
закони
• Документирање на насилство со кое се соочуваат сексуалните работници и
бранење на нивните човечки права
• Одговарање на насилство пријавено од страна на сексуалните работници,
вклучувајќи и добивање правна помош при апсење или малтретирање,
советување, упатство и психолошка поддршка
• Работење со раководители на сексуалните заедници, полицијата и др. за да
ги промовираат правата на сексуалните работници
49