Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 72

Кутија 2.8
Пример на случај: Системот на Авахан за одговор на кризата во Индија Системот за одговор на кризава обезбедува брза помош на самото место за сексуалните работници кои се соочуваат со насилство или други видови на криза. Сексуалните работници имаат пристап до помош со повик на телефонскиот број на некој член од тимот за одговор на кризата. Тимот вклучува обучени членови од заедницата кои:
• Ја оценуваат природата и итноста на кризата
• Превземаат чекори во врска со непосредна опасност
• Олеснување на пристапот до медицинска, психичка и други видови на
• помош
• Обезбедуваат пристап до адвокат во случај на апсење
• Обезбедуваат советување
• Пријавување и документирање на насилство
1. Тимот вклучува лице за примање на повици, други членови на заедницата кои се на телефонската линија 24 / 7 за да одговорат на повиците и лице за документирање на пријавувањата на насилство
2. Тимот е поддржан од социјален работник од локалната спроведувачка организација 6 кој дава упатства, два или повеќе адвокати кои можат да преговараат со власта во име на сексуалните работници кои се уапсени по грешка или незаконски задржани во полициска станица; или за брзи интервенции при обид за самоубиство.
3. Локални телефонски линии за помош
4. Деталите околу насилството и превземените акции се снимаат што е можно побрзо после инцидентот. Овие податоци можат да бидат многу важни и да послужат како докази пред законот.
5. Системот прави врски со здравствените установи, правните услуги, привремено засолниште, транспорт и други социјални услуги преку листа на услуги и ги воспоставува работните аранжмани со пружателите на услуги со цел да ги прифатат упатствата и да обезбедат многу поквалитетни услуги.
Ви Авахан програмот, системот бил зголемен од десетина тимови до неколку стотини во шест градови во Индија, со користење на заедничките стандарди и адаптирање на програмите на локалниот контекст. Системот е менаџиран од страна на сексуални работници, иако се потребни финансии( најчесто од спроведувачките организации) за да истрае.
6 спроведувачка организација е организација која пружа интервенции за превенција на сексуалните работници. Може да биде владина, невладина или предводена од заедницата и може да работни на државно или локално ниво
48