Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 69

Кутија 2.7 Теми за обука на здравствените работници во врска со насилството врз сексуалните работници • Основни информации околу насилството, законите и политиките против насилството со фокус на сексуалните работници. • Откривање на работниците кои можат да бидат изложени на насилство врз база на психички или физички симптоми (На пример, депресија, вознемиреност, пост-трауматичнен стрес, самоповредување, користење на некои сретства, повреди идр.). • Кога и како да се делува против насилството. • Собирање на форензички докази за истражување на сексуалното насилство. • Обезбедување на клиничка и психичка нега и третман според препораките на СЗО. • Каде да се обратат за услуги за поддршка. • Обезбедување на не-осудувачка нега што не ги стигматизира лицата што се соочиле со насилство. • Спроведување на задолжителното пријавување на насилството (не е препорачано во упатството на СЗО). Иако не се наоѓаат во упатството на СЗО за секторот за одговор на насилството, во контекст со сексуалната работа, обуката може да вклучува: • Човечки права на сексуалните работници • Закони и политики кои се однесуваат на сексуалната работа што ги прави сексуалните работници ранливи кон насилство • Насилство со кое се соочуваат сексуалните работници во поставките на здравството и должностите на пружателите на здравствени услуги да не вршат дискриминација, стигматизирање или насилство врз сексуалните работници • Обезбедување на клиничка и психолошка нега за машките, и трансродовите сексуални работници што се соочиле со насилство. симптомите за траума и стрес. За симптомите како што е депресијата, неспособност да се сносат со секојдневните ситуации, самоубиствени мисли и ментални проблеми. • Обучување на здравствените работници за пружање на услуги на лицата кои се соочиле со насилство (види кутија 2.7 за препорачани теми за обука). 2.2.7 Обезбедување на психолошки, правни и други видови на услуги за поддршка Сексуалните работници што се соочиле со насилство, често имаат потреба од подолготрајни здравствени услуги, како например: 45