Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 68

o Работа со сексуалните работници за да се оцени потенцијалната ситуација во врска со насилството и развивање на“ безбедносен план“ за да се излезе од овие ситуации. На пример, Женскиот здравствен проект CoOp во Преторија, Јужна Африка има понудено индивидуални советувања за сексуалните работници во кои биле вклучени стратегии за безбедност, во врска со: употреба на алкохол и дрога; комуникација и преговарачки вештини за различни ситуации за да се избегне некаков конфликт; начини за да се излезе од несигурни ситуации
o Советувања во соработка со обучени советувачи, со внимателно слушање за да ги поддржат индивидуалните сексуални работници во полесно откривање на чекорите за самите да направат да си осигураат безбедност и пристапни локални услуги во случај да се соочат со несакани ситуации. Пристапот е неосудувачки, со почит и за поддршка на автономијата на индивидуата за правење на промени во однесувањето. Во Монголија, овој пристап бил направен со цел да се намали ризикот и на сексуалните работници и на клиентите.

2.2.6 Обезбедување на здравствени услуги за сексуалните работници кои се соочиле со насилство

Сексуалните работници кои имале искуство со физичко, сексуално и психичко насилство имаат потреба од краткотрајна или долготрајна медицинска помош. Во повеќе случаи, тешко е да се одреди посебна медицинска помош за оние што имале искуство со насилството. СЗО развила клинички и политички упатства за одговорот на здравствениот сектор против насилството врз жените( види секција 2.4). Додека сме фокусирани на жените генерално, овие упатства се релевантни и за женските сексуални работнички, а во некои аспекти и за машките и трансродовите сексуални работници
Препораките за клиничка нега, психолошка поддршка и здравствени услуги до оние кои имале искуство со насилство и сексуални напади се:
• Обезбедување на непосредна помош за оние кои се соочиле со насилство. Пружателите треба да обезбедат сигурност, да бидат неосудувачки, да пружат практична нега, да се распрашаат за историјата на насилството, внимателно да слушаат без да и вршат притисок на личноста да зборува, олеснување на пристапот за социјална помош, ресурси и услуги и помош за развој на безбедносен план.
• Обезбедување на клиничка нега за оние кои што претрпеле сексуално малтретирање, вклучувајќи и итна контрацепција, ХИВ и СПИ постизложеност на профилакса и пристап за абортус до оние кои што ќе останат бремени. Исто така види Поглавје 5, секција 5.7.5.
• Обезбедување на психолошка нега, вклучувајќи и информации околу
44