Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 70
Обучување на членовите од заедницата за одговор на сексуалните
работници што се соочиле со насилство
Сексуалните работници што се соочуваат со насилство или некои други напади
можат да имаат потреба од обучена личност за спроведување на непосредна
поддршка. На пример:
• Во Кенија, KASH отвориле телефонска “жешка“ линија каде што
сексуалните работници можат да се јават за непосредна помош во врска
со одговорот на насилство и други напади.
• Во Јужна Африка, невладината организација Сисонке понудила следење
на советување и поддршка до оние кои се соочиле со насилство.
• Во Индија, како дел од Иницијативот за СИДА Авахан, воведен е систем
за интегриран одговор на напади и кризи, заедно со зајакнувањето на
заедниците на сексуални работници. Овој систем бил евалуиран и пуштен
во употреба (Види Кутија 2.9)
Обучувањето на овие видови активности може да биде водено од учени
сексуални работници и може да покрие: слушање и комуникациски вештини;
безбедноста на сексуалните работници да биде приоритет; застапувачки
вештини за работа со полицијата, здравствените и социјалните услуги;
познавање на правата на сексуалните работници; справување со полициските
и локалните службеници; советување на оние кои се под психичко
малтретирање; оценување на ризикот на штета.
Правна поддршка
Ова може да вклучува и влегување или поврзување со адвокатите или
обучените практиканти (На пример, сексуални работници обучени како
практиканти) кои можат да помогнат за преговарање со правните или судските
авторитети во врска со инцидентите на насилство поврзано со сексуалните
работници и обуки за поддршка и сензибилизација на сексуалните работници и
други закони поврзани со сексуалната работа.
Засолниште или безбедно место
Оние кои што имале искуство со насилството имаат потреба да се тргнат од
средината во која се наоѓа некој што им претставува закана. Во Киргистан,
организацијата на сексуалните работници, Таис Плус понудила засолниште за
сексуалните работници во криза, ризик од насилство, бегање од насилство или
страв од одмазда.
Овие поддржувачки услуги варираат во зависност од нивната комплексност,
износот на финансиските и човечки ресурси потребни за нивна употреба (види
Кутија 2.8) и дали се евалуирани и пуштени во употреба. Услугите за поддршка
треба да бидат базирани на оценување на неформалните практики кои се веќе
спроведени од страна на самите сексуални работници и на нивните
веќепостоечки приоритети. Некои модели, како што се сеопфатниот систем за
одговор на криза, имаат потреба од многу ресурси, но некои други бараат многу
помалку ресурси. Треба да се внимава тие активности да пружаат поддршка за
46