Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 65

( види секција 2.4) можат да вклучуваат: Вовед во ХИВ и програмите за ХИВ; законите законските практики што влијаат на сексуалните работници, вклучувајќи го и насилството; улогата на полицијата во превенција на ХИВ;
• Застапување( на пример, регуларни состаноци со полицијата како и со државните службеници од повисоко ниво задолжени за спроведување на законот) за намалување на полициското малтретирање врз сексуалните работници и заедниците на теренски работници.
Кутија 2.5
Пример: Обука на полицијата во Перу
Движењето на сексуалните работници од Перу вовеле работилници за подигнување на свеста за човечките права меѓу регионалните и општинските службеници и полициските службеници, посебно за правата на сексуалните работници. Исто така се вклучени и обуки со полицајците и безбедносните сили, локалните ауторитети и здравствените работници со цел да се промени дискриминаторното однесување и практика врз сексуалните работници и да се охрабрат за да ги бранат нивните права како сексуални работници, делумно во врска со насилството базирано врз полот.
Била развиена програма за онлајн работилници со овие групи, за да го подобрат нивното знаење, вештини, однесување и капацитет за да реагираат на случаи на сексуално насилство врз жените, мажите, трансродовите и транссексуалните сексуални работници. Иако има силни реакции против сексуалните работници од страна на полицајците кои продолжуваат да не ги прифаќаат нивните права, оваа обука помогнала за да се направи отворен дијалог со постарите полициски службеници.
• Градење на институциска одговорност со полицијата за да ги поддржат правата на сексуалните работници. На пример: o Во Индија, застапувањето со полицијата резултирало со издавање на упатство за полициските станици за правата на сексуалните работници и како да постапуваат со нив при апсење.
o Во Киргистан, проект спроведен од страна на Источно-западната фондација за СИДА во партнерство со Таис Плус( организација водена од сексуални работници) се фокусирал на соработка со полицајците на обуките, објавување на министерскиот ред на полицијата и ХИВ, да се воведе тим на“ пријателски полицајци“ кои што ќе бидат поврзувачка врска за спроведување на услугите на ХИВ и развивање на еден систем за промена на однесувањето на полицајците кон сексуалните работници и да почнат да ја поддржуваат ХИВ превенцијата.
Евалуацијата на ефектот на полициските обуки да оцени дали е намалено насилството врз сексуалните работници е во траење во неколку поставки( во
41