Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 64

• Јавни кампањи за да ја истакнат сексуалната работа како работа( види рама 2.3)
• Работилници за сензибилизација
• Потенцирање на штетите од насилството врз сексуалните работници на посебни интернационални и национални денови и кампањи поврзани со ХИВ, сексуална работа, насилство врз база на полот и човечките права.
• Печатење на дисеминации и други медијски материјали за насилството врз сексуалните работници
• Работење со новинари и други медијски членови за промовирање на позитивни приказни околу сексуалната работа
• Градење на партнерство помеѓу сексуалните организации што работат со правата на луѓето и ХИВ
• Поддржување на акциите на колективите на сексуални работници за барање на надомест за штети
Кутија 2.4
Пример: Градење на партнерство за застапување во Карнатака, Индија.
Спречувањето на насилство врз сексуалните работници е комплесно и бара парнерство со организации истомисленици. KHPT работеле на превенција на ХИВ меѓу сексуалните работници во Карнатака, Индија во последните 10 години. Превентирајќи и одговарајќи на насилството гледано како силно“ чувствителна потреба“ меѓу сексуалните работници.
• Одделот за Државна социјална помош за жените и децата направил услугите за насилство против жените да бидат достапни и за сексуалните работници.
• Организациите базирани на заедници работеле со сексуални работници во повеќе од 30 покраини за да ги поучат за нивните основни права.
• Форумот за замена на законот и Националното правно училиште во Индија развија и спроведоа легални обуки за сексуалните работници
• Центарот за Застапување и истражување, една невладина организација, направила медијско застапување и ги обучила сексуалните работници да бидат медијски претставници, односно да зборуваат јавно на телевизијските емисии за насилството со кое се соочуваат и за начинот како тоа да се спречи.

2.2.4 Поттикнување на полициската одговорност

Работењето со полицијата е клучен елемент во намалување на насилството врз сексуалните работници. Овие активности вклучуваат:
• Работилници за сензибилизација на полицајците со што ќе се подигне нивната свест за законите поврзани со правата на сексуалните работници. Овие работилници исто така и врски помеѓу сексуалните работници и полицијата со цел да се намали полициското малтретирање и насилство. Во некои поставки, ваквите работилници се водени од самите сексуални работилници( види кутија 2.5); на некои други места тие имаат вклучено и адвокати( Индија); и во некои други случаи, сексуалните работници, полицијата и NGO заедно одржувале обуки( KASH) во Кенија, и Таис Плус во Киргистан). Темите за обука кои се опфатени во различни прирачници
40