Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 66

Киргистан од страна на Таис Плус и во Кенија од страна на KASH). Резултатите од полициската обука од страна на организациите вклучени во ова предложуваат дека: • Полициските обуки и работењето со нив може да испровоцира за нивна одмазда против сексуалните работници од страна на некои службеници. Поради тоа, овој процес треба да се следи внимателно. • Потребно е да се стекне поддршката од постарите полициски службеници со цел да се добие поистрајна помош и од помладите службеници за да може да се смета на нив во следните акции. • Градење на позитивни односи со полицајците и нивнта едукација за правата на сексуалните работници треба да биде континуиран процес за да дојде до овој однос 2.2.5 Промовирање на безбедноста и безбедноста на сексуалните работници Стратегиите за промовирање на безбедноста и сигурноста на сексуалните работници на нивните работни места и заедници можаат да бидат формални и неформални. Треба да се има во предвид следново: • Одржување и споделување на листите или извештаите за напаѓачите или инцидентите на насилство врз сексуалните работници. Во некои поставки ова се нарекува “Програма на грди чаши“. Извештајот може да биде достапен на интернет (онлајн), на факс, е-мајл или во безбедните места.15 Овие извештаи се собирани и дистрибуирани до сексуалнитe работници преку месечни билтени, СМС пораки или е-мајлови така што ќе знаат како да ги избегнат потенцијалните опасни поединци. • Промоцирање на безбедноста на работното место преку преговори со сопствениците и менаџерите на сексуалните установи за бранење на правата на сексуалните работници од насилниците. На пример, организација предводена од сексуални работници, Ашодаја во Карнатака, Индија, ги поттикнале сопствениците на хотели или мотели да ги заштитат сексуалните работници од малтретирање, нудејќи им бесплатни здравствени услуги. Слично на тоа, проектот за сексуална работа во Кенија, KASH, направиле партнерство со менаџерите на барови и вработените за да објават број за жешка линија, отпочнување на СМС систем преку кој што работниците ќе можат да испраќаат пораки до вработените во KASH и да побараат помош и поддршка. • Дисеминација на информациите или советите за сигурност на сексуалните работници (На пример, барање од сексуалните работници да носат мобилни телефони со себе, информирање на пријателите за местото на кое што одат со клиентот, задржување на броевите за да се 15 42 Безбедно место е место каде што сексуалните работници можат да се релаксираат, запознаваат други