и да се справат со насилството. Активностите можат да вклучат работилници за обуки и застапување, производство и презентирање на напишаните и визуелните материјали за насилството врз сексуалните работници и нивните права, состаноци со заедници и советување лице-во-лице од страна на теренските сексуални работници 14( види кутија 2.2). Принтаните и материјалите за обука треба да се разликуваат во зависност од потребите на сексуалните работници. Наслови кои се вклучени се: извори и причини за насилство врз сексуалните работници; познавање на законите за сексуалните работници и законите кои влијаат на нив( На пример, општински статус, закони поврзани со хомосексуални односи, користење на дрога); правата на уапсените сексуални работници, приведени од страна на полицијата.
Кутија 2.2
Пример на случај: Програма за бранење на човечките права, Јужна Африка Програмите за бранење на човечките права се воведени од страна на движењето на сексуални работници – Сисонке и SWEAT во Јужна африка од 2008 година. Ги обучуваат сексуалните работници да станат практиканти за основните права и како да ги бранат. Практикантите ги документираат случаите на злоупотреба на човечките права преку бесплатната линија за помош, теренски и неделни состаноци на заедниците со сексуални работници. Тие исто така нудат и совети за оние сексуални работници кои што имале инциденти со насилство. Состаноците со заедниците на сексуални работници се користени за да се подигне свеста за нивните права и како да се изборат за правда. Сексуалните работници кои имаат потреба од правни услуги се префрлуваат кај адвокатите кои им се доделени од страна на Женскиот правен центар други установи. SWEAT исто така подразбира и стратешко застапување кое се однесува на откривање на корените на причините на насилство врз сексуалните работници.
Документирање на насилството со кое се соочуваат сексуалните работници и бранење на нивните човекови права Активностите вклучуваат:
• Собирање на податоци или информации од различни форми на насилство со кои се соочиле сексуалните работници
• Документирање на злоупотребувањете и инцидентите со насилство врз сексуалните работници
• Олеснување за добивање на правда преку правни услуги Во некои поставки, внимателно и систематско документирање на насилството врз сексуалните работници е користено за да се развијат средствата за промоција на безбедноста на сексуалните работници. На пример, во 2002 година, Италијанската невладина организација Comitato per i Diritti Civili delle Prostitute водена од сексуални работници, документирале насилство врз сексуалните работници и ги искористиле овие информации за да направат
14
Во оваа алатка, терминот“ заедница на теренски работник’’ значи сексуален работник кој ја спроведува работата на останатите сексуални работници и тој, генерално, не е вработен со полно работно време на интервенции за превенција на ХИВ( вработениот со полно работно време може и наједноставно да се нарече“ теренски работник“). Теренските работници можат да се нарекуваат и со друго име на пример“ врснички едукатори“,“ врснички теренски работници“ или наједноставно“ теренски рабтоници“.
37