Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 60

• Да се признае дека програмите можат да имаат несакани штетни влијанија врз сексуалните работници, како што се одмаздувачки форми на насилство. Треба да се биде подготвен за оваа можност и да се следат програмите за ваквите несакани последици.
• Евалуација на програмите за идентификација на стратегиите што го намалуваат факторот на ризик и нивото на насилство со кое се соочуваат сексуалните работници, со цел да се изгради база на докази и да се осигура дека сите ресурси се насочени кон најкорисните стратегии.

2.2 Ветувачки интервенции и стратегии

Оваа секција предложува стратегии за превенција и одговор за насилство врз сексуалните работници. Поголемиот број на овие стратегии се развиени како добри практики на сексуалните работници. Освен ако не е експлицитно наведено, овие стратегии не се формално оценети за нивното влијание врз намалувањето на ризичните фактори или нивото на насилство врз сексуалните работници. Препорачливо е пред било кои од овие стратегии предложени подолу да бидат објавени, да бидат проверени за било какви несакани последици и да се оцени да ли тие работат за спречување и намалување на насилството врз сексуалните работници.

2.2.1 Зајакнување на заедницата

Чекорите за зајакнување на заедницата се детално објаснети во Поглавје 1. Зајакнувањето на заедницата може да се спротистави на намалувањето на насилството со:
• Обезбедување на механизам за учество на сексуалните работници во борбата за бранење на нивните права, нивните проблеми, вклучувајќи насилство и корените на овие проблеми
• Градење на колективна солидарност за сексуалните работници за мобилизирање и залагање за предизвици и промена на однесувањето на моќните групи или институции кои ги негираат нивните права и го негираат нивното злоставување како криминално дело.

2.2.2 Градење на капацитетот на сексуалните работници

Повеќе видови на активности ги надоградуваат познавањата на сексуалните работници за нивните права во врска со сексуалната работа и насилството, и нивната самодоверба за да се борат за овие права.
Обука и сензибилизирање на сексуалните работници за законите поврзани со секусалните работници и ничните човечки права
Ова ја поттикнува свеста и храброста на сексуалните работници за да пријават
36