Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 59
• Отфрлање на интервенциите базирани врз основа на спасување и
рехабилитација. Дури и кога се наводно фокусирани на малолетните
лица (кои не се сексуални работници), ваквите рации ги лишуваат
сексуалните работници од нивните задачи (избор, контрола и моќ за
сопствено однесување) и зголемување на веројатноста на изложеност на
насилство.
• Промовирање на полова еднаквост со охрабрување на прогамските
планирачи и воспоставувачи за да го решат проблемот со половата
нееднаквост, социјалните норми и дистрибуцијата и контролата на
средствата и моќта. Интервенцијските стратегии треба да се залагаат за
поправични односи во власта помеѓу сексуалните работници и другите
членови од пошироките општествени заедници.
• Почитување на правата на сексуалните работници за самите да
донесуваат одлуки за нивниот живот, кое вклучува не-барање на услуги
поврзани со насилство или продолжување на врската во која се
злоставувани.
Програмски принципи
• Собирање на информации за локалните видови на насилство против
сексуалните работници, и поврзаноста на насилството со ХИВ, како база
на дизајнирање на програмите (види Поглавје 3, секција 3.2.2, дел А).
• Користење на методи за учествување. Сексуалните работници треба
да бидат во позиција на донесување на одлуки каде што тие ќе бидат
вклучени во процесите на идентификување на проблемите и
приоритетите, анализирање на причините и развивање на решенија.
Ваквите методи ја зајакнуваат важноста на програмите, развивање на
истраен живот и вештини за односи со јавноста, како и помош за
одржување на долготраен успех на програмот.
• Користење на интегриран пристап во дизајнитањето на
интервенциите. Програмите кои вклучуваат пружање на здравствени
услуги, работење со легалните и правните сектори и се базирани на
заедници13 можат да имаат поголем удел врз насилството врз
сексуалните работници и ризикот од ХИВ. Ваквите програми бараат
обезбедување на партнерство од поширок ранг на групи и институции.
• Градење на програмскиот капацитет на вработените за да ја разберат
и спречат врската помеѓу насилство врс сексуалните работници и ХИВ
Вработените треба да бидат способни да покажат сочуство кон
сексуалните работници што претрпеле насилство, без понатамошни
омаловажувања или окривувања. (види Поглавје 6, секција 6.2.6, подсекција за
вработување и обука на персоналот).
зборот “заедница“ во оваа алатка во повеќе контексти се однесува на популација на сексуални
работници, наместо на географска, социјална или културна група во која што тие може да бидат дел.
Додека, заедница на теренски работници се однесува на теренски сексуални работници, интервенции
водени од заедницата се интервенции водени од сексуалните работници и членови на заедницата се
13
35