Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 58
на улица и со тоа да бидат изложени на поголем ризик на насилство. Страв од
апсење или полициско малтретирање може да ги присили сексуалните
работници кои претежно работат на улица да се поместат од својата стандардна
локација до некоја друга која што е помалку безбедна, или да им биде вршен
притисок за избрзани преговори со клиентите што може да доведе до
ризикување на нивната безбедност и сигурност.
Насилството врз сексуалните работници не се смета секогаш како криминално
дело. На пример, законите не го признаваат силувањето врз трансродовите лица
како криминално дело, или полицијата може да одбие да го регистрира ова како
извештај на сексуално насилство врз сексуален работник. Сексуалните
работници многу често се плашат да пријават сексуално насилство врз нив
поради тоа што се плашат од полициско малтретирање.
Законите и политиките за дискриминација против трансродовите поединци и
мажите кои имаат сексуални односи со други мажи ја зголемуваат ранливоста
на машките и трансродовите сексуални работници кон насилство и
злоупотребување. Законите што го криминализираат изложувањето на ХИВ
можат да ги спречат ХИВ позитивните сексуални работници да бараат помош во
случај на сексуално насилство од страв дека против нив ќе биде покрената
некоја судска постапка. Дури и на местата каде што сексуалната работа не е
сметана како криминал, примената на управното право, религиозните закони или
извршните наредби можат да бидат користени од страна на полицијата за да ги
бараат и приведат сексуалните работници. Ова создава услови на високо ниво
на насилство со кое се соочуваат сексуалните работници.
Сексуалните работници исто така можат да бидат поралниви на насилство
поради нивните лоши работни услови или недоволниот пристап кон некои
услуги. Некои од нив можат да имаат мала контрола врз условите за нивните
трансакции (На пример, такси, клиенти, видови на сексуални услуги) ако се
одредени од страна на некој раководител. Пристапот кон дрога и алкохол во
средините каде што работат сексуалните работници го зголемува нивото на
насилство врз нив. Сексуалните работници кои конзумираат алкохол или дрога
не се во можност свесно да ги избегнат ситуациите кои не се безбедни за нив.
Насилство или стравот од насилство може да ги спречи сексуалните работници
од намалување на малтретирањето, ХИВ превенција, третман и нега,
здравствени услуги како и услуги наменети за превенција на насилството
2.1.2 Вредности и принципи за спречување на
насилството врз
сексуалните работници
Основни вредности:
• Промовирање на целосната заштита на човечките прави на
сексуалните работници. Ова ги вклучува правата за: недискриминација,безбедност и
сигурност на личноста, признавање и еднаквост пред законот, највисоки здравствени
стандарди, вработување, мирно опкружување, ослободување од произволно апсење и
приведување и од злобен и нехуман третман, заштита од насилство.
34