Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 57

2.1.1 Контексти на насилство Постојат повеќе контексти, динамики и фактори кои ги изложуваат сексуалните работници на висок ризик на насилство. Нивното разбирање е клучно за дизајнирање на соодветни програми. • Насилство на работното место: Ова може да вклучува насилство од страна на раководителите, вработените, клиентите или соработниците во средините каде што сексуалните работници работат (На пример, бордели, барови, хотели). • Насилство од интимните парнери или членови на фамилијата: Стигматизацијата на сексуалната работа може да доведе до тоа партнерите или членовите на семејството да мислат дека е прифатливо употребувањето на насилство за да ги “казнат“ жените што имаат сексуални односи со други мажи. Тешко е сексуалните работници да излезат од некоја врска во која се малтретирани, затоа што партнерот им се заканува, има моќ над нивните финансиски средства или им забранува пристап до децата. • Насилство од извршителите на големо или на јавни места: Во повеќе контексти, антагонистичките односи со полицијата создаваат клима на неказнување на криминалните дела врз сексуалните работници што може да доведе до тоа тие да станат мета на други злодела што можат да прераснат во насилство, како што е кражба. Некои извршители конкретно имаат за цел “казнување“ на сексуалните работници во име на почитување на социјалните морали или тие да бидат жртвеното јагне за сите проблеми во општеството, вклучувајќи го ХИВ. Сексуалните работници исто така можат да се соочат со насилство од поединци кои се на моќни позиции, на пример некои вработени во невладините организации (NGO), пружателите на здравствени услуги, банкарите или земјопоседниците. • Организирано не-државно насилство - Сексуалните работници можат да се соочат со насилство од страна на некои религиозни екстремисти, “спасувачки групи“ и сл. • Државно насилство: Сексуалните работници можат да бидат малтретирани од војниците, затворските чувари и најчесто од полицијата. Криминалните или прекршочните закони против сексуалните работници можат да обезбедат заштита од насилството. Насилството врз сексуалните работници од страна на некои државни претставници ги ограничува сексуалните работници за добивање на правда или полициска заштита и тоа праќа порака дека ваквиот вид на насилство не само што е пришватен туку е и свесно посакуван. Законите и политиките , вклучувајќи ги они за криминализација на сексуалната работа, можат да ја зголемат ранливоста на сексуалните работници кон насилство. На пример, принудни напади на спасување и рехабилитација од страна на полицијата во контекст на законите против трговија со луѓе, може да резултира со тоа сексуалните работници да бидат протерани од своите домови 33