Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 56

Кутија 2.1
Форми на насилство со кое се соочуваат сексуалните работници
Физичко насилство: Изложеност на физичка сила која може да предизвика смрт, повреда или малтретирање. Вклучува, но не се ограничува на: фрлање објект врз поединец, удирање шлаканица, туркање, посочување, удар со тупаница или некој предмет кој што може да предизвика повреда, мавање клоца, влечење, тепање, палење, заплашување со оружје или искористување на некое оружје( нож, пиштол и др.). Сите овие постапки се дефинирани и владириани од страна на СЗО како насилство врз сексуалните работници. Други видови на постапки кои се вклучени во дефиницијата за физичко насилство се: гризење, тресење, боцкање, влечење за коса и физичко ограничување на една личност.
Сексуално насилство: Силување, групно силување, сексуално малтретирање, физичко принудување или психолошко заплашување за учество во сексуален однос против своја желба( На пример, несакано допирање, орално, анално или вагинално пенетрирање со пенис или некој друг објект).
Емоционално или псиохолошко насилство: Вклучува, но не се ограничува на: навредување( На пример, именување со навредливи имиња) или правење самите да се чувстуваат лошо во своја кожа, понижување и oмаловажување пред другите луѓе, заплашување со закани за нивните деца, ограничување или одделување од своите фамилии или пријатели, закани за себе или за луѓето за кои тие се грижат, континуирано пцуење, контролирано однесување и уништување на нешто што поседуваат.
Кршења на човековите права кои треба да се сметаат како насилство врз сексуалните работници се:
• Барање на парични средства од нив
• Недобивање на храна или други основни животни потреби
• Недобивање плата, исплата или пари кои што им припаѓаат
• Присилно користење на дрога или алкохол
• произволно стопирање, претрес на целото тело или задржување во полициска станица
• произволно задржување во полициска станица, центри за рехабилитација илидруги собирни центри
• апсење или заплашување за апсење поради поседување на кондоми
• Одбивање за пружање на здравствена помош
• Присилно правење на тестови за СПИ и ХИВ, стерилизација, абортус
• Јавно срамење или деградација( На пример, соблекување, врзување со ланци,
• плукање или ставање зад решетки)
• Принудно лишување од спиење
32