Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 62
списание за да ги охрабрат сексуалните работници да пријават секаков вид на
насилство врз нив и да побараат помош и било какви услуги.
Податоците од овој документ за насилство се исто така искористени за
застапување со полицијата, локалните ауторитети, медиите и националните
донесувачи на политики во врска со степенот на проблемот и потребата за
промена на применувањето на законите, политиките и полициската практика за
да се намали насилството со кое се соочуваат сексуалните работници (види
секција 2.2.3). Со напомена дека таму има етички и безбедносни проблеми при
собирање и истражување на податоците за насилство врз сексуалните
работници кои што треба да се имаат во предвид. Секција 2.3 за понатамошни
информации.
2.2.3 Застапување за реформи
Реформите за политичко и правно застапување допринесуваат за превенција
или намалување на насилството врз сексуалните работници со:
• Цел да се променат законите и политиките што ја кириминализираат
сексуалната работа и административните закони што се користат за
злоупотребување и малтретирање на сексуалните работници
• Цел да се променат практиките за спроведување на законите што ги
малтретираат или злоупотребуваат сексуалните работници и не ги
прифаќаат нивните права
• Градење на институциска одговорност за веќе постоечките закони и
политики придржувајќи се кон правата на сексуалните работници
• Спротиставување на стигма и дискриминација против сексуалните
работници и промовирање на сексуалната работа како легална работа
(види кутија 2.3).
38